Македонскиот премиер Мицкоски разговараше со Рубио, а АФД победи на уште едни покраински избори
Слушате Дневни блиц вести, денес сме понеделник 21 септември
Мицкоски разговараше со Рубио во Њујорк
Премиерот Христијан Мицкоси во Њујорк разговараше со државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Марко Рубио. „Овие разговори имаат особено значење и претставуваат потврда на важноста на стратешкото партнерство и континуираниот политички дијалог со САД“, информираше кабинетот на премиерот.
Вучиќ: Брзата пруга Белград-Будимпешта ќе биде отворена во октомври
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека се очекува железничката линија Белград–Будимпешта да биде пуштена во употреба во октомври, иако не прецизираше точен датум, напоменувајќи дека тајмингот зависи од унгарската страна. Ова е меѓу најзначајните инфраструктурни проекти за поврзување на Србија со централна Европа.
Ердоган пристигна во Њујорк каде ќе се обрати на Генералното Собрание на ОН
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган пристигна во Њујорк каде ќе присуствува на 81-та сесија од Неделата на високо ниво на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН). Ова обраќање ќе биде негов 16-ти говор пред Генералното собрание. Се очекува главниот фокус да биде на дејствијата на Израел во Газа, потребата за признавање на Палестина како држава и потенцијалните меѓународни мерки против Израел.
Единствена Русија убедливо води на парламентарните избори
Владејачката партија Единствена Русија на Владимир Путин е во убедливо водство на парламентарните избори во земјата и е на пат да обезбеди уставно мнозинство, според првичните резултати од Централната изборна комисија на Руската Федерација. Владејачката партија има подобри резултати од пред четири години, а зголемена е и излезноста.
И за крај на денешниот блиц…
АФД победи во уште една германска покраина
Крајно десничарската партија Алтернатива за Германија победи на уште едни покраински избори во Германија, додека во Мекленбург-Западна Померанија владејачката партија ЦДУ на канцеларот Фридрих Мерц не освои мандат и е под изборниот праг од 5 отсто. На регионалните избори во Берлин победи Левицата што го засили притисокот за оставка на германскиот канцелар.
Тоа беше сѐ за денешните блиц вести, за повеќе информации следете нѐ на социјалните мрежи
