Американски медиуми објавуваат дек Израел ги предупредил САД за ирански заговор за убиство на Трамп, регионални посредници се обидуваат да ги смират тензиите меѓу САД и Иран, Франција за прв пат го активира системот за вонредни состојби поради екстремна топлина. Слушате блиц вести на ТРТ Балкан на македонски за петок 10 Јули.
Медиуми: Израел ги предупредил САД за наводен ирански заговор за убиство на Трамп
Израел ја предупредил американската влада дека Иран наводно планира да го убие претседателот Доналд Трамп, објавија вчера Си-Ен-Ен и Вол Стрит Џурнал, повикувајќи се на неименувани извори.
Според извештаите, иранското раководство неодамна составило план, чии детали сè уште не се познати.
Американската администрација често добивала слични предупредувања во последните недели, објави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на американски функционер.
Регионални посредници се обидуваат да ги смират тензиите меѓу САД и Иран
Регионалните посредници се обидуваат да ги смират тензиите што се зголемуваат меѓу САД и Иран, истовремено повикувајќи на натамошни преговори за нуклеарен договор, објави доцна синоќа новинскиот сајт „Аксиос“.
Повеќе извори – двајца од земјите посредници и еден американски официјален претставник – за медиумот изјавија дека регионалните влади се обидуваат да ги деескалираат тензиите меѓу двете земји.
Иранскиот ајатолах Хамнеи погребан по неколкудневна жалост
Иранскиот ајатолах Али Хамнеи e погребан денеска рано наутро по локално време во неговиот роден град Машхад, на североистокот од земјата, по неколкудневни комеморации и погребни церемонии во Иран и Ирак, со што завршија неколкудневните жалости.
Погребот се одржал во молитвената сала на храмот Имам Реза во Машхад, откако ковчегот бил носен околу гробот на Имам Реза како дел од погребните обреди, објави Прес ТВ.
Франција за првпат ќе го активира планот за вонредни состојби поради екстремна топлина
Француската влада ќе го активира својот план за вонредни состојби ORSEC за екстремна топлина за првпат денеска во сите департмани ставени под највисока тревога за црвен топлотен бран, објави портпаролката на владата Мод Брежеон.
Со планот за екстремна топлина ќе бидат отворени центри за ннајранливите групи. Планот, откриен на 2 јули, има за цел да организира координиран одговор од страна на сите јавни власти за време на епизоди на екстремна топлина.
ЕБОР инвестираше 1,2 милијарди евра во Туркије во првата половина на 2026
Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) инвестираше 1,2 милијарди евра (1,4 милијарди американски долари) во Туркије во првата половина од 2026 година и очекува бројката за целата година да биде блиску до рекордното ниво од минатата година, изјави потпретседателот на ЕБОР, Матео Патроне.
Патроне потсети дека 2025 година беше рекордна година за банката во Туркије, со 2,7 милијарди евра инвестирани во 54 операции.
Тоа беше се за денешните блиц вести. За повеќе информации посетете не на macedonian.trtbalkan.com.
