| Macedonian
Дневни блиц вести 03.04.2026
00:00
00:0000:00
Политика
Дневни блиц вести 03.04.2026
Слушате Дневни блиц вести, денес сме петок 3 април
пред 19 часа

Трамп се закани со поголеми уништувања во Иран, а Артемис го враќа човекот кон Месечината

Слушате Дневни блиц вести, денес сме петок 3 април

Трамп: Допрва ќе го уништиме тоа што остана од Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп истакна дека е можно да следат напади врз критичната инфраструктура и да го уништат тоа што останало од Иран за да се изврши притисок властите во земјата да склучат договор со САД.

Мајкрософт ќе инвестира 10 милијарди долари во ВИ во Јапонија

„Мајкрософт“ планира да инвестира 10 милијарди долари во Јапонија за да ја прошири својата инфраструктура за вештачка интелигенција и клауд технологии, изјави Бред Смит висок извршен директор на средбата со јапонската премиерка Санае Такаичи.

Ердоган: Водата ја заменува нафтата како стратешки ресурс

Борбата за нафта и јаглеродни горива во изминатиот век ќе биде заменета со борба за вода, бидејќи конкуренцијата за енергија се засилува, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Фактори како климатските промени, сушата, растот на населението, урбанизацијата и индустријализацијата ќе го зголемат притисокот врз водните ресурси.

Иран повторно тврди дека погодиле американски Ф-35 борбен авион

Корпусот на иранската исламска револуционерна гарда соопшти дека собориле американски борбен авион Ф-35 во централните делови на земјата. Ова е второ тврдење на гардата но, претходно САД ги негираше тие информации, а за новиот случај засега нема официјален став. 

И за крај на денешниот блиц… 

Астронаутите од Артемис се упатија кон Месечината

Мисијата Aртемис на НАСА успешно ја напушти Земјината орбита, означувајќи историски момент, првпат по повеќе од пет децении луѓе повторно се упатуваат кон Месечината. Иако нема да слетаат на земјиниот природен сателит сепак ќе спроведат клучни тестови за идните редовни мисии. 

Тоа беше сѐ за денешните блиц вести, за повеќе информации следете нѐ на социјалните мрежи

Слушни повеќе
Дневни блиц вести 02.04.2026
БАЛКАН КАСТ - Дали треба да се врати задолжителниот воен рок?
БалканКаст: Како вештачката интелигенција го менува македонскиот јазик?
БалканКаст: Партнер или сосед? Како дигиталната Шенген бариера го „закочи“ Западен Балкан
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите