| Macedonian
Дневни блиц вести 10.08.2026
00:00
00:0000:00
Политика
Дневни блиц вести 10.08.2026
Слушате Дневни блиц вести, денес сме понеделник 10 август

Договорот од Мека меѓу Туркије, Саудиска Арабија и Пакистан ќе делува како членот 5 на НАТО, а цените на храната достигнаа рекордно ниво

Слушате Дневни блиц вести, денес сме понеделник 10 август

Фидан: Договорот од Мека технички е ист како членот 5 на НАТО

Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан изјави дека Договорот за заедничка одбрана од Мека технички е ист како членот 5 од Договорот на НАТО кој се однесува на колективната одбрана. Тоа значи дека ако една членка е нападната се смета дека сите се нападнати и се вклучува заедничката одбрана.

Вучиќ најави фабрика за дронови со израелски инвеститори

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, најави дека во средината на септември треба да биде отворена нова фабрика за производство на дронови, која ќе биде реализирана во соработка со израелски инвеститори. Оваа информација Вучиќ ја откри на прес-конференцијата со украинскиот претседател Зеленски.

Ефтимов: Упадот на дронот не е намерна воена акција против Бугарија

Бугарскиот началник на одбраната, Емил Ефтимов, изјави дека  беспилотното летало што влезе во бугарскиот воздушен простор и експлодираше во близина на Трансбалканскиот гасовод во близина на границата со Романија не било дел од намерна акција против Бугарија.

Американски сенатор: Трамп ја загуби војната со Иран

Крис Марфи сенатор од Демократската партија на САД изјави дека претседателот Доналд Трамп ја „загубил војната“ со Иран, оценувајќи дека продолжувањето на борбите ги ослабува Вашингтон, а го зајакнува Техеран. Тој додаде дека би поддржал дури и „лош договор“, со цел да се стави крај на војната и повторно да се отвори Ормутскиот Теснец.

И за крај на денешниот блиц…

ФАО: Цените на храната во јули највисоки во последните три години

Светските цени на храната се зголемија во јули на највисоко ниво во последните повеќе од три години поради неповолните временски услови и ескалацијата на конфликтите во Црното Море и Персискиот Залив, соопшти Агенцијата за храна на Обединетите нации (ФАО).

Тоа беше сѐ за денешните блиц вести, за повеќе информации следете нѐ на социјалните мрежи


Слушни повеќе
Дневни блиц вести 25.08.2026
БАЛКАН КАСТ - Дали треба да се врати задолжителниот воен рок?
БалканКаст: Како вештачката интелигенција го менува македонскиот јазик?
БалканКаст: Партнер или сосед? Како дигиталната Шенген бариера го „закочи“ Западен Балкан
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите