Трамп се закани со невидена економска војна против Иран, а Германија е меѓу земјите која го поддржа Меѓународниот кривичен суд по новите американски санкции
Слушате Дневни блиц вести, денес сме четврток 20 август
Арагчи му возврати на Трамп за најавената економска војна
Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, изјави дека најавената економска војна против Техеран од страна на американскиот претседател Доналд Трамп, наречена „Економски Ден Д“,само ќе го засили поразот на Вашингтон и ќе го продлабочи непријателството на иранскиот народ кон САД.
Воен дрон упадна во романскиот воздушен простор
Воено беспилатно летало влезе во романскиот воздушен простор и се урна близу границата со Украина, соопшти романското Министерство за одбрана. При падот е предизвикан помал пожар и нема жртви или поголема материјална штета. Сепак, упадот ги активираше борбените авиони и хеликоптери на одбраната на НАТО.
Најмалку 12 луѓе убиени во Киев по последната рунда руски напади
Најмалку 12 лица се убиени, а 33 се повредени во Киев во руски напад извршен во текот на ноќта, изјави градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко. Од друга страна руското министерство за одбрана соопшти дека извеле прецизни напади врз фабрики и магацини за производство на оружје за Украина.
Принцот Хари и Меган се враќаат во Велика Британија
Принцот Хари и Меган, војводата и војвотката од Сасекс, планираат да се вратат во Велика Британија со своите две деца, но нема да извршуваат официјални функции за британското кралско семејство. Тие во 2020 се откажаа од државна служба по што ги прекинаа формалните односи со Виндзор династијата, и привлекоа огромно медиумско внимание.
И за крај на денешниот блиц…
Германија застана зад МКС по новите санкции од САД
Германија упати критики за санкциите на САД насочени кон претседателката на Меѓународниот кривичен суд (МКС) и еден виш обвинител, потврдувајќи ја својата поддршка за напорите на судот за гонење на злосторства против човештвото, особено по случајот кој се води против израелскиот премиер Нетанјаху за геноцид.
Тоа беше сѐ за денешните блиц вести, за повеќе информации следете нѐ на социјалните мрежи
