Слушате Блиц вести на ТРТ Балкан на македонски, денеска е четврток 27 август
Бројот на жртви од поплавите во Непал се искачи на 162, а повеќе од 1.000 се водат како исчезнати
Најмалку 165 лица загиналe, а над илјада се водат како исчезнати откако огромни ненадејни поплави вчера ги зафатија селата во Непал, оштетувајќи патишта, мостови и енергетски проекти во областите во близина на Тибет, соопштија властите.
Според проценките на непалската влада, најмалку 19 мостови се однесени, а 40 километри пат се оштетени, заедно со 13 хидроенергетски проекти.
Словенија ја блокира заедничката изјава на ЕУ за осуда на израелските планови на Западниот Брег
Словенија минатата недела го блокираше усвојувањето на изјавата на Европската Унија со која се осудуваат плановите на Израел за изградба на домови за израелски доселеници во стратешки важен дел од окупираниот Западен Брег.
Комесарот на ЕУ за надворешни работи Каја Калас го осуди објавувањето на тендер за изградба на 1.200 станбени единици како дел од контроверзниот проект Е1 во окупираниот Западен Брег, што „сериозно ги оштетува перспективите за решение со две држави“.
Нетанјаху предупредува дека Ликуд се соочува со изборен пораз „освен ако нешто не се промени“
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рекол во разговори зад затворени врати дека неговата партија Ликуд ќе ги изгуби претстојните избори „освен ако нешто не се промени“, отстапувајќи ѝ сериозна предност на опозицијата.
Нетанјаху признал дека неговата партија изгубила 10 места, според израелскиот јавен радиодифузер КАН.
Анкетите на јавното мислење покажуваат остар пад на поддршката за Ликуд, заедно со значителен напредок за партијата Јашар, предводена од Гади Ајзенкот.
Медиуми: Директорот на ЦИА во Москва ја предупредил Русија да не напаѓа членки на НАТО
За време на неговата посета на Москва, директорот на ЦИА, Џон Ратклиф, ја предупредил Русија да не ги напаѓа сојузниците на НАТО, објавија во среда „Волстрит џурнал“ и „Политико“, повикувајќи се на неименувани извори.
„Политико“ пишува дека директорот на американската разузнавачка агенција предупредил за потенцијална ескалација на војната во Украина, во која би биле вклучени источните сојузници на НАТО во балтичкиот регион.
Тој, исто така, го повикал Кремљ да ја намали својата воена и финансиска поддршка за Иран, додаваат медиумите.
И за крај на денешниот блиц…
Колумбија планира да ги притвори најопасните затвореници на отворено море
Колумбија планира да ги смести најопасните затвореници на бродови на отворено море, потврди извор од колумбиското Министерство за одбрана за агенцијата Франс-прес.
Новиот колумбиски претседател Абелардо де ла Есприела за време на состанокот за безбедноста, повикал на забрзување на проектот за затворски бродови.
Употребата на вакви бродови има за цел да спречи бегства и сериозно да го ограничи контактот на затворениците со надворешниот свет
Тоа е сѐ за денешните блиц вести. За повеќе информации посетете нѐ на социјалните мрежи.
