Започна Форумот за дипломатија во Анталија под покровителство на претседателот Ердоган, а Трамп се надева дека примирјето во Либан ќе се почитува
Слушате Дневни блиц вести, денес сме петок 17 април
Започна петтото издание на Форумот за дипломатија во Анталија
Петтото издание на Форумот за дипломатија во Анталија започна во Туркије, на кој се собраа светски лидери и високи функционери за да се справат со растечката глобална неизвесност. Форумот е под покровителство на претседателот Ердоган, а го организира турското МНР.
Фидан се сретна со сирискиот претседател Ал-Шара во Анталија
Министерот за надворешни работи на Туркије, Хакан Фидан, се сретна со сирискиот претседател Ахмед ал-Шара во Анталија, каде се одржува Форумот за дипломатија. Фидан ќе учествува на низа состаноци, вклучувајќи го и Третиот состанок на министрите за надворешни работи на Балканската мировна платформа.
Омерагиќ: Развојот на македонскиот фудбал поддржан од УЕФА
Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, престојуваше во посета на Фудбалската федерација на Македонија на покана на претседателот Масар Омерагиќ. Според челникот на ФФМ тоа е знак за поддршка на УЕФА за реформите и развојот на македонскиот фудбал.
Силјановска-Давкова: Односите со Туркије продолжуваат да растат
Македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова, изјави дека односите со Туркије продолжуваат да растат, засновани на силно пријателство, солидарност и непоколеблива поддршка. Таа беше пречекана од турскиот претседател Ердоган со официјална церемонија во Претседателската палата Долмабахче.
И за крај на денешниот блиц…
Трамп: Се надевам дека Хезболах ќе го почитува примирјето
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се надева оти Хезболах ќе го почитува постигнатиот прекин на огнот меѓу Либан и Израел. „Нема повеќе убивање. Конечно мора да има мир“, додаде тој. Во меѓувреме Либан го обвини Израел дека го прекршил примирјето со воени дејствија.
Тоа беше сѐ за денешните блиц вести, за повеќе информации следете нѐ на социјалните мрежи
