31 пожар на отворено регистрирани до утринава информира Центарот за управување со кризи, Путин гледа можност за дипломатско решение на конфликтот во Украина, Москва и Пекинг разговараат за снабдување на Кина со руски гас. Слушате блиц вести на ТРТ Балкан на македонски за петок 4 Септември.
Центар за управување со кризи: 31 пожар на отворено регистрирани до 07:30 часот
31 пожар на отворено се регистрирани до утрово до 07:30 часот соопшти Центарот за управување со кризи. Еден е активен, три пожари се под контрола, а 27 пожари се изгаснати.
Активен е пожарот во Општина Ѓорче Петров, во с. Грачани, при што пожарот моментално е активен на територијата на Р. Косово.
Путин гледа можност за дипломатско решение за војната во Украина
Рускиот претседател Владимир Путин вчера изјави дека гледа дипломатско решение за завршување на војната во Украина.
Зборувајќи на Источниот економски форум во Владивосток, пристаништето на Тихоокеанскиот регион, Путин рече дека главните страни во конфликтот, Русија и Украина, треба да постигнат договор пред другите земји да придонесат во процесот.
Москва и Пекинг разговараат за проект за снабдување на Кина со руски гас
Москва и Пекинг разговараат за проект за снабдување на Кина со руски гас, изјави денеска рускиот вицепремиер Александар Новак.
„Се подготвуваме да ја започнеме далечната источна рута и да го продолжиме дијалогот за други ветувачки рути за снабдување на Кина со руски гас, вклучувајќи го и проектот „Моќта на Бајкал“, рече тоj.
Владата на Мелони најдолго на власт во историјата на Италија
Италијанската премиерка Џорџa Мелони денеска стана претседателка на најдолгогодишната влада во историјата на Италијанската Република.
Мелони, исто така, стана и најдолгогодишната премиерка на Италија во повоената историја на републиката.
Таа го постави рекордот откако отслужи 1.413 дена од преземањето на функцијата на 22 октомври 2022 година, надминувајќи ја втората влада на Силвио Берлускони
Тревога во Германија: Трет сомнителен напад врз електричната мрежа за само седум дена
Германската полиција пријави трет сомнителен обид за саботажа на електричната мрежа оваа недела, откако беше откриен сомнителен предмет во електрична трафостаница во западниот град Дормаген, објавија локалните медиуми денеска.
„Некој очигледно се обидел намерно да предизвика краток спој“, изјави портпаролот на полицијата во Келн рано денеска.
Истражителите добија писмо со кое се презема одговорност, во кое се споменуваат и други јавно познати сомнителни случаи во Северна Рајна-Вестфалија и Бранденбург.
Тоа беше се за денешните блиц вести. За повеќе информации посетете не на macedonian.trtbalkan.com.
