29 март 2026
Европскиот Закон за ВИ ќе наметне задолжителни етикети на дипфејк видеа, слики и текстови наменети за јавно информирање или политички дискурс. Обврската за „жигосување“ ќе важи и за генераторите и за медиумите и објавувачите.
Во позаднина на содржините ќе има дигитални ознаки за следливост, кои ќе откриваат кои ВИ-алатки и процеси на генерирање се употребени. Но, ако целта е поголема заштита на јавниот простор, од друга страна се отвараат сомнежи за можни злоупотреби на контролните механизми и санкциите врз медиумите и креаторите, како и автоцензура.
