| Macedonian
Една година од трагедијата во Кочани - Вечен спомен за 63 жртви
02:06
Регион
Една година од трагедијата во Кочани - Вечен спомен за 63 жртви
Во Кочани се одржаа комеморативни настани на едногодишнината од пожарот во „Пулс” во кој загинаа 63 луѓе на 16 март.
17 март 2026

Во Кочани се одржаа комеморативни настани на едногодишнината од пожарот во „Пулс” во кој загинаа 63 луѓе на 16 март.

На жртвите им беше оддадена почит на централниот настан во Домот на културата во Паркот на револуцијата во Кочани каде пристидтвуваше и државниот врв, претседателката на држава Гордана Силјановска-Давкова, претседателот на Владата Христијан Мицкоски, и други гости.

63 празни столчиња беа симбол на изгубените животи, а отворен е и Меморијалниот простор „Недовршени соништа“ каде беа претставени лични предмети од загинатите.

Со солзи и прегратки за утеха, родителите на загинатите и нивните најблиски ги проследија читањата на имињата на жртвите и парче опис за тоа какви личности биле, пред да се случи најголемата трагедија во поновата македонска историја.

Комеморацијата беше заокружена и со спортски активности на кои им се оддаде почит на жртвите, а се собираа и средства за донации на повредените

Повеќе видеа
Израел ја легализира смртната казна за Палестинците
Ноќно небо под закана: Како светлосното загадување ги брише ѕвездите
Задолжителни ВИ етикети – Заштита или контрола во информирањето
Караман - Заштитена раса, македонска гордост и жив симбол
Израелската нуклеарна програма финансирана од даноците на германските граѓани
Како е да се биде контролор на летање?
Заживување на заборавеното
Домашни и био-производи во првата продавница на Задругата „Шари“
Неплатена пропаганда: Израелски инфлуенсери ја тужат владата
Од политика до војна: Влијанието на екстремното богатство