Такви пронајдоци нема речиси на ниту едно друго неолитско наоѓалиште, особено според деталноста и вештината на изработката.
Иако за јавноста овие фигури се многу познати, малкумина знаат дека може да се погледнат одблиску и тоа постојано во археолошката поставка на Музеј на град Скопје.
Тие се пронајдени на локалитетите Церје и Слатина во близина на селата Говрлево и Зелениково и се неверојатно уникатни, како на пример типот на селска куќа со внатрешна печка за храна и печење керамика.
