Е-трговијата бележи раст, во 2025 година реализирани онлајн трансакции од 950 милиони евра
РЕГИОН
2 мин читање
Е-трговијата бележи раст, во 2025 година реализирани онлајн трансакции од 950 милиони евраСпоред претседателката на Асоцијацијата, Нина Ангеловска-Станков, ова е јасен показател за зголемената доверба во онлајн купувањето, растот на понудата и развојот на дигиталните плаќања
Е-трговијата бележи раст, во 2025 година реализирани онлајн трансакции од 950 милиони евра / AA
пред 2 часа

Е-трговијата бележи континуиран раст. Во 2025 година се реализирани онлајн трансакции во вредност од 950 милиони евра, што претставува годишен раст од 32 проценти, било посочено на Годишното собрание на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија - АЕТСМ.

Според претседателката на Асоцијацијата, Нина Ангеловска-Станков, ова е јасен показател за зголемената доверба во онлајн купувањето, растот на понудата и развојот на дигиталните плаќања, но и поттик да се продолжи со унапредување на условите за понатамошен раст.

Поздравно обраќање имала и директорката на Управата за јавни приходи Елена Петрова која ја истакнала важноста на институционалната поддршка и дигиталната трансформација за развојот на економијата.

„Дигитализацијата на фискалните процеси е клучна за понатамошен развој на е-трговијата и за создавање фер и транспарентен пазар. Како институција, остануваме посветени на изнаоѓање практични и лесно применливи решенија за е-фискализација, во тесна соработка со бизнис заедницата. Нашата цел е да овозможиме раст на секторот, притоа намалувајќи ја сивата економија и зајакнувајќи ја довербата кај потрошувачите“, истакнала Петрова.

Од Асоцијацијата за е-трговија инфрмираат дека на Собранието било официјално најавено и 9. издание на регионалната конференција за е-трговија, што ќе се одржи на 3 ноември годинава во Националната опера и балет, а на кое се очекува да присуствуваат над 900 учесници од целиот Западен Балкан.

„Дополнително, на Собранието беа презентирани и активностите на Алијансата за родова еднаквост на работното место – GEA, подружница на АЕТСМ, при што беше истакнато дека во 2025 година се реализирани бројни иницијативи за унапредување на родовата еднаквост, а за 2026 година е најавено и 5-тото јубилејно издание на конференцијата EqualXchange, кое ќе се одржи на 19 мај“, информираат од Асоцијацијата.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Медиуми: Иран го започна најголемиот ракетен напад од почетокот на војната
Гаши: Соживотот и дијалогот клучни за стабилноста во регионот
Во Скопје одржан Самит на верските заедниции на Балканот
Трамп: Новото раководство на Иран бара прекин на огнот
Германија ги намалува загриженостите околу заканата на Трамп за напуштање на НАТО
Мицкоски: Состојбата со горивата е стабилна, струјата нема да поскапи
Ердоган: Израел првенствено е одговорен за незаконската војна со Иран
Трамп: Сериозно размислувам за повлекување на САД од НАТО
Техеран има 4 барања до САД и Израел за постигнување траен мир на Блискиот Исток
Иран ѝ се закани на Бугарија поради американските авиони стационирани на аеродромот во Софија
Зеленски: Русија бара повлекување на Украина од Донбас во рок од два месеци
Хамнеи: Иран ветува континуирана поддршка на Хезболах во борбата против САД и Израел
Хутите тврдат дека извршиле ракетен напад врз Израел заедно со Иран и Хезболах
Аракчи: Разменети се некои пораки меѓу Иран и САД, но тоа не значи дека преговараме
Папата Лав го повика Трамп да бара „излез од војната“ додека ескалира војната меѓу Иран