| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Намалени акцизите за горивата, ДДВ од 10 отсто ќе продолжи до крајот на кризната состојба
Намалување на акцизите за 4 денари за дизелот и за безоловните бензини од 95 и 98 октани за 2 денара по литар, одлучи Владата денеска на вонредна седница.
Намалени акцизите за горивата, ДДВ од 10 отсто ќе продолжи до крајот на кризната состојба
Намалени акцизите за горивата, ДДВ од 10 отсто ќе продолжи до крајот на кризната состојба / Other
5 април 2026

Намалување на акцизите за 4 денари за дизелот и за безоловните бензини од 95 и 98 октани за 2 денара по литар, одлучи Владата денеска на вонредна седница.

Одлуката на прес-конференција ја соопшти премиерот Христијан Мицкоски, нагласувајќи дека со тоа драматично ќе се намали цената на горивата и се штити стандардот на граѓаните. 

На вонредната седница Владата одлучи ДДВ-то  за горивата да продолжи да биде намалено од 18 на 10 отсто до крајот на кризната состојба, која ќе истече на 20 април. 

Мицкоски истакна дека без намалување на ацизата, литар дизел ќе беше околу 102 или над 102 денари, а безоловниот бензин од 95 и 98 октани ќе беше поскап за 1,5 до 2 денари. 

Соопшти дека денеска имале преговори исо ОКТА и е договорено попустот да го продлжат до крајот на април - од 3 денари за дизелот по литар, а за безоловните бензини од 95 и 98 октани дополнителни 2 денари помалку за литар. 

„Кога сето ова ќе се анализира, доаѓаме до цена која за дизелот ќе биде иста како и до сега, доколку се вкалкулира попустот од 4 денари за акцизата и 3 денари што го добиваме од ОКТА, така што ги амортизираме потенцијално 7 денари зголемување по литар, додека кај безоловните бензини од 95 и 98 октани, покрај 2 денари акциза по литар, ќе имаме 2 денари по литар намалување, односно ќе бидеме 2 денари во минус од цената што беше во изминатиот регулиран период, односно изминатата недела“, изјави Мицкоски на прес-конференцијата. 

Нагласи дека одлуката е донесена поради низвесноста како последица од тензии на Блискиот Исток и притисокот врз економијата. Како што рече, не може да бидеме изолирани од влијанието на глобалните процеси, но делуваме и не чекаме кризата да нè прегази.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Палестински земјоделец убиен од нелегални доселеници на сопствената земја кај Ерусалим
Хаифа под оган: Експлозии и голема штета по иранскиот напад
Најмалку 17 загинати во Иран по заеднички напади на САД и Израел
Сеул жали за упадите со дронови во Северна Кореја
Швајцарија ќе го повика израелскиот амбасадор поради законот за смртна казна за Палестинците
Трамп му се закани на Иран со уништување на електраните и мостовите ако нема договор до вторник
Со дозвола од Иран: 15 бродови поминале низ Ормускиот теснец во последните 24 часа
Медиуми: САД и Иран разгледуваат 45-дневен прекин на огнот
Пронајден експлозив кај гасоводот меѓу Србија и Унгарија, Вучиќ разговарал со Орбан
Намалени акцизите за горивата, ДДВ од 10 отсто ќе продолжи до крајот на кризната состојба
Турскиот претседател упати честитки до христијанската заедница за Велигден
Ердоган - Руте: „Геостратешкиот ќорсокак“ се продлабочува околу Иран
Американски борбен авион соборен над Иран
Договорот на Фолксваген со Израел го отсликува неговото најмрачно поглавје со нацистичка Германија
Како опсесијата на Нетанјаху со политичкиот опстанок ги проширува внатрешните пукнатини во Израел