| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Муцунски: Европската комисија ни стави на располагање 65,7 милиони евра, највисок износ во регионот
Од вкупно одобрените 65,7 милиони евра, 30,6 милиони евра ќе бидат префрлени директно во државниот буџет, додека преостанатите средства ќе бидат ставени на располагање за инвестициски проекти преку Инвестициската рамка за Западен Балкан
Муцунски: Европската комисија ни стави на располагање 65,7 милиони евра, највисок износ во регионот
Тој додаде дека ова е јасна потврда за силната посветеност на Владата кон реформите и имплементацијата на европските вредности и стандарди / TRT Balkan

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, соопшти дека Европската комисија ставила на располагање 65,7 милиони евра за државата во рамки на Инструментот за реформи и раст, што претставува највисок износ во регионот.

„Тоа што го говорев пред неколку недели во интервју, денеска и официјално се потврди- Европската комисија соопшти дека става на располагање 65,7 милиони евра за нашата држава во рамки на Инструментот за реформи и раст, што претставува највисок износ во регионот, во споредба со 49 милиони евра за Албанија и 44,2 милиони евра за Црна Гора“, напиша Муцунски на социјалните мрежи.

Тој додаде дека ова е јасна потврда за силната посветеност на Владата кон реформите, исполнувањето на обврските од Планот за раст и имплементацијата на европските вредности и стандарди на домашен план, како и признание за сериозниот пристап, институционалниот капацитет и реформскиот напредок на државата.

Согласно со официјалната информација објавена од Европската комисија, средствата се одобрени во рамки на Инструментот за реформи и раст, по позитивната оценка за спроведените реформски чекори. За државата, оценетите реформи се однесуваат на мерки поврзани со образованието и дигитализацијата.

Од вкупно одобрените 65,7 милиони евра, 30,6 милиони евра ќе бидат префрлени директно во државниот буџет, додека преостанатите средства ќе бидат ставени на располагање за инвестициски проекти преку Инвестициската рамка за Западен Балкан.

Повеќе
Туркије: Предлогот за цевковод на НАТО ќе го зајакне источното крило на Алијансата
Дел од земјите членки на ЕУ предлагаат „чекор по чекор“ интегрирање на Западен Балкан
ЕУСАИР: Регионалната соработка останува клучна за европската интеграција на Западен Балкан
Путин: Oдносите меѓу Русија и Кина се на историски највисоко ниво
Вучиќ патува во посета на Кина
Советот на ЕУ и Европскиот парламент постигнаа договор за трговскиот договор со САД
Путин и Си потпишаа декларација за мултиполарен свет на самитот во Пекинг
САД покрена нова истрага против Мадуро преку обвинителството во Мајами
Трамп: САД многу брзо ќе стават крај на војната со Иран
Туркиjе ја предупреди Грција да не ја искривува историјата поради тврдењата за Понт
Еболата се шири брзо во централна Африка, СЗО прогласи вонредна состојба
Кандидатурата на Јанез Јанша за премиер поднесена до Народното собрание
Трамп: САД можеби ќе мора повторно да го нападнат Иран, Техеран моли за договор
Сириски војник загина, неколкумина се повредени во бомбашки напад со автомобил во Дамаск
Хрватска усвои закон за долгорочни визи за македонските камионџии