| Macedonian
ПОЛИТИКА
2 мин читање
Трамп: САД можеби ќе мора повторно да го нападнат Иран, Техеран моли за договор
Па мислам дека за два или три дена, можеби петок, сабота, недела, нешто слично, можеби почетокот на следната недела, за ограничено време бидејќи не можеме да им дозволиме да имаат ново нуклеарно оружје, изјави претседателот на САД
Трамп: САД можеби ќе мора повторно да го нападнат Иран, Техеран моли за договор
Тој додаде дека, според проценката на лидерите на Катар, Саудиска Арабија и ОАЕ постои реална шанса да се постигне договор / Reuters

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека САД можеби ќе мора повторно да го нападнат Иран, велејќи дека Техеран моли за договор.

Трамп во Вашингтон изјави дека можеби ќе мора да му зададе уште еден голем удар на Иран, објави Скај њуз.

„Тие бараат да се постигне договор - но можеби ние ќе мора да им зададеме уште еден голем удар. Сè уште не сум сигурен - наскоро ќе знаеме“, рече Трамп.

Тој повтори дека Иран не може да поседува нуклеарно оружје.

Трамп ги обвини демократите, неговите политички противници, за попречување на преговорите со Иран.

„Бев само еден час од донесување одлука денес за напад, изјави Трамп.

Тој исто така рече дека иранските лидери молат да се постигне договор, но дека ако не се постигне, ќе следи уште еден напад од САД во наредните денови.

„Па мислам дека два или три дена, можеби петок, сабота, недела, нешто слично, можеби почетокот на следната недела, за ограничено време бидејќи не можеме да им дозволиме да имаат ново нуклеарно оружје“, нагласи тој.

Трамп во понеделник изјави дека го одложил воениот напад врз Иран што бил планиран за денес откако рече дека лидерите на Катар, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати го повикале да почека поради тековните преговори за можен договор.

Тој додаде дека, според проценката на емирот на Катар Тамим бин Хамад ал Тани, саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман ал Сауд и претседателот на Обединетите Арапски Емирати Мохамед бин Зајед ал Нахјан, постои реална шанса да се постигне договор што би бил прифатлив за Соединетите Американски Држави и земјите од Блискиот Исток, но и пошироко.

Најновиот мировен предлог што Техеран го достави до Вашингтон вклучува крај на конфликтот на сите фронтови, вклучувајќи го и Либан, повлекување на американските трупи од областите во близина на Иран и надомест за штетата предизвикана од војната меѓу САД и Израел, објавија државните медиуми во вторник.

Повеќе
2 лица починаа од редок вирус што се пренесува преку комарци во Северната територија на Австралија
Израелскиот министер Бен-Гвир го критикува МКС и вети ескалација против Палестинците
Израелската армија заплени повеќе од 40 бродови од флотилата „Глобал Сумуд“ што се движеше кон Газа
Њујорк тајмс поднесе втора тужба против Пентагон поради рестрикциите за медиумите
Дроновите на Хезболах значително ги попречуваат израелските операции во Либан
Тројца убиени во Исламскиот центар во Сан Диего, застрелани и двајцата напаѓачи
Трамп размислува за војна со Куба откако економскиот притисок не даде резултати
Путин: Пријателството на Русија и Кина не е насочено против никого
Трамп вели дека САД го одложуваат планираниот напад врз Иран во вторник
Германија ќе распореди „Патриот“во Туркије за јакнење на одбраната на воздушниот простор на НАТО
Фидан од Берлин повикува на дијалог меѓу САД и Иран, додека Германија ја поддржува Туркије
Ердоган вети континуирана поддршка од Туркије за кримските браќа
Њујорк тајмс: САД и Израел подготвуваат можни нови воени напади врз Иран уште оваа недела
Гренланд: Напредок во преговорите со САД, островот не е на продажба
Милановиќ одбива да го одобри новиот амбасадор на Израел поради политиката на израелската Влада