| Macedonian
РЕГИОН
1 мин читање
Хрватска усвои закон за долгорочни визи за македонските камионџии
Швајцарија веќе издава долгорочни визи, очекуваме и други држави да се приклучат, продолжуваме кон конструктивни решенија за нашите професионални возачи, изјави вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски
Хрватска усвои закон за долгорочни визи за македонските камионџии
Македонските возачи и нивните колеги од Србија, БиХ и Црна Гора во јануари одржаа протести на граничните премини против новиот ЕЕС систем / AA

Во Хрватска е усвоен законот со кој професионалните возачи ќе можат да добиваат долгорочни визи, најави вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.

„Тоа е чекор напред во решение на проблемот кој произлезе со воведување на ЕЕС-системот во Шенген зоната. Овој закон многу ќе помогне на македонските професионални возачи“, напиша Николоски на социјалните мрежи.

Тој додаде дека oва е реализација на договорот со вицепремиерот и министер за поморски работи, транспорт и инфраструктура на Хрватска, Олег Бутковиќ, во јануари годинава.

„Швајцарија веќе издава долгорочни визи. Очекуваме и други држави да се приклучат. Продолжуваме кон конструктивни решенија за нашите професионални возачи“, додаде Николоски.

Професионалните возачи од Северна Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора во јануари одржаа протести на граничните премини како реакција на новиот европски систем за управување со границите – системот за влез/излез (EEС).

Новиот систем на Европската Унија- EEС, на 10 април беше целосно оперативен на сите надворешни гранични премини на Шенген-зоната.

Овој систем ја заменува традиционалната практика на ставање печати во пасошите со дигитална евиденција на движењето на патниците кои не се државјани на ЕУ.

Повеќе
Туркије: Предлогот за цевковод на НАТО ќе го зајакне источното крило на Алијансата
Дел од земјите членки на ЕУ предлагаат „чекор по чекор“ интегрирање на Западен Балкан
ЕУСАИР: Регионалната соработка останува клучна за европската интеграција на Западен Балкан
Путин: Oдносите меѓу Русија и Кина се на историски највисоко ниво
Вучиќ патува во посета на Кина
Советот на ЕУ и Европскиот парламент постигнаа договор за трговскиот договор со САД
Путин и Си потпишаа декларација за мултиполарен свет на самитот во Пекинг
САД покрена нова истрага против Мадуро преку обвинителството во Мајами
Трамп: САД многу брзо ќе стават крај на војната со Иран
Туркиjе ја предупреди Грција да не ја искривува историјата поради тврдењата за Понт
Еболата се шири брзо во централна Африка, СЗО прогласи вонредна состојба
Кандидатурата на Јанез Јанша за премиер поднесена до Народното собрание
Трамп: САД можеби ќе мора повторно да го нападнат Иран, Техеран моли за договор
Сириски војник загина, неколкумина се повредени во бомбашки напад со автомобил во Дамаск
Хрватска усвои закон за долгорочни визи за македонските камионџии