Во Скопје се одржа концертот „Еден збор, еден здив“. Концертот се одржа во Албанскиот театар, во соработка меѓу Институтот „Јунус Емре“ во Скопје, Здружението за култура и уметност „Јени Јол“ од Скопје и хорот „Хармониус Коор“ од Холандија.
На концертот присуствуваа амбасадорот на Туркије во Скопје, Алпер Акташ, претставници на турски и локални институции и организации во земјата, како и љубители на уметноста.
Амбасадорот Акташ во своето обраќање им се заблагодари на сите што придонесоа за организацијата на оваа вечер.
„Постојат посебни денови и посебни празници, а тие празници се одбележуваат не само во границите на Република Туркије, туку секаде каде што допреле раката и срцето на Турците. Однапред ви го честитам 29 Октомври, Денот на Републиката“, рече Акташ.
Директорот на Институтот „Јунус Емре“ во Скопје, Јунус Дилбер, истакна дека се надеваат оти на присутните ќе им приредат вистинско музичко уживање.
Претседателот на Здружението за култура и уметност „Јени Јол“, Халил Абдулах, истакна дека од 1948 година работат во служба на турската култура.
„Како здружение на народот, ќе продолжиме да бидеме заедно преку нови проекти и нови средби, со цел нашата култура и вредности да им ги пренесеме на идните генерации“, рече Абдулах.




















