Врз основа на нацрт-законот за ратификација на договорот за заем со Европската Унија, поднесен од украинскиот претседател Володимир Зеленски, таа земја ќе побара заем од ЕУ во износ од 90 милијарди евра.
На крајот на април, по месеци одложување, ЕУ одобри заем од 90 милијарди евра за Украина откако Унгарија го укина ветото, кој е наменет за финансиска и одбранбена помош за 2026 и 2027 година.
ПРЕПОРАЧАНО
Европскиот совет го финализираше договорот во април 2026 година, според кој 30 милијарди евра се наменети за макроекономска буџетска помош, а 60 милијарди евра се наменети за зајакнување на одбранбено-индустриските капацитети на Украина.








