| Macedonian
ПОЛИТИКА
2 мин читање
Германија и Шпанија се противат на забраната за опрема на Хуавеи и ЗТE во Европската Унија
Берлин и Мадрид сакаат земјите-членки да ја задржат контролата врз одлуките за телекомуникациската инфраструктура и предупредуваат дека забраната за опрема од кинеските компании на ниво на ЕУ би можела да предизвика одговор од Кина, објавува Блумберг
Германија и Шпанија се противат на забраната за опрема на Хуавеи и ЗТE во Европската Унија
Од Хуавеи велат дека исклучувањето само врз основа на земјата на потекло претставува кршење на основните правни принципи на ЕУ / Reuters

Германија и Шпанија се главните противници на плановите на Европската комисија да им забрани на кинеските добавувачи на технологија како што се Хуавеи и ЗТE пристап до европските телекомуникациски мрежи преку нови правила за сајбер безбедност.

Според анонимни извори запознаени со преговорите, Берлин и Мадрид сакаат земјите-членки да ја задржат контролата врз одлуките за телекомуникациската инфраструктура и предупредуваат дека забраната за опрема од кинеските компании на ниво на ЕУ би можела да предизвика одговор од Кина, објавува Блумберг.

Функционерите од двете земји, исто така, веруваат дека отстранувањето на кинеската опрема би можело значително да ги зголеми трошоците за развој на инфраструктурата за вештачка интелигенција во Европа.

Европската комисија ги означи кинеските компании Хуавеи и ЗТE како „добавувачи со висок ризик“ за телекомуникациски мрежи и ги повика членките на ЕУ да ги исклучат од клучната инфраструктура.

Одлуките за телекомуникациската инфраструктура формално ги донесуваат националните влади, но Брисел, преку измени во Законот за сајбер безбедност, сака да го зајакне надзорот и да ги направи препораките на Европската комисија правно обврзувачки низ целата ЕУ.

Предложените измени би вклучувале и проценка на ризикот од странско политичко влијание и зависност од одредени добавувачи.

Европските земји ги балансираат економските односи со Кина и безбедносните предупредувања од САД и европските сојузници за можните ризици од кинеската технологија во критичната инфраструктура.

Пратениците и експертите за безбедност во Европа и САД со години предупредуваат дека кинеските компании би можеле да добијат неовластен пристап до корисничките податоци преку телекомуникациските мрежи, додека Хуавеи и ЗТE ги отфрлаат тврдењата.

Портпаролот на Хуавеи процени дека исклучувањето на кинеските добавувачи само врз основа на земјата на потекло би претставувало кршење на основните правни принципи на Европската Унија.

Повеќе
Хамас потврди дека командантот на Бригадите Ал Касам, Мухамед Авда, е убиен во израелски напад
Фон дер Лајен: Претстојните недели се критични за процесот на пристапување на Украина во ЕУ
Израел го прогласи поголемиот дел од јужен Либан за „борбена зона“
Иранската револуционерна гарда тврди дека нападнала американска воздухопловна база вo Kувајт
САД извршиле нови воздушни напади врз воена локација во јужен Иран
Макрон: Целосна поддршка за Црна Гора во последните фази од преговорите со ЕУ
Белата куќа: Нацрт предлогот за прекин на војната објавен од иранските медиуми е целосна измислица
Велика Британија и Полска потпишаа договор за зајакнување на соработката во безбедноста и одбраната
Зеленски со писмо до Трамп бара помош во противвоздушната опрема
Медиуми: Нацрт договор САД-Иран со заедничко управување на бродскиот транспорт меѓу Техеран и Оман
САД ќе ја евакуира флотата од Израел за 72 часа доколку има договор со Иран
Медиуми: САД распоредиле борбени авиони Ф-22 и десетици авиони за полнење гориво во Израел
Иран тврди дека збогатениот ураниум не е дел од тековните разговори со САД
Извештај на ХРВ: САД депортираат Кубанци и Венецуелци во Мексико
Германија и Шпанија се противат на забраната за опрема на Хуавеи и ЗТE во Европската Унија