Триесет дена притвор добија тројцата осомничени за епидемијата со труење од водата за пиење во Гостивар. Ваква одлука денеска донесе судијата на претходна постапка во Основниот суд во Гостивар Ќирко Михајлоски.
Арта Асани, директорка на гостиварското комунално претпријатие раководителите Леон Уредини и Вадедин Дервиши се товарат и за нелегално поставување на пумпи во одводен канал, по што дошло мешање на водата.
Обвинителството побара притвор за тројцата осомничени бидејќи се сомнева дека директорката и раководителите им дале наредби на вработени да постават потопни пумпи во канал со површинска вода со штетни материи во близина на преливната комора со вода за пиење, за да го тестираат притисокот на водата во градскиот водовод.
Тие се товарат за „тешки дела против животната средина и природата“ за кое казната е од четири до максимални 20 години затвор.





















