| Macedonian
ПОЛИТИКА
2 мин читање
САД воведуваат нови царини од 50% за дел од канадските производи
За воведувањето на мерката, Трамп се повика на член 338 од Законот за царини од 1930 година, кој му овозможува да воведе казнени царини за земји за кои се оценува дека дискриминираат американски производи, што е прво користење на овластувањето
САД воведуваат нови царини од 50% за дел од канадските производи
Новите царини ќе опфатат увоз на вино, цемент, опрема за хокеј на мраз, млечни производи, базени за пливање, мебел, рибарска опрема и други производи

Американскиот претседател Доналд Трамп најави воведување царини од 50% за широк спектар производи од Канада, обвинувајќи ја Отава за дискриминаторски третман на американските автомобили, алкохолни пијалаци и млечни производи, пренесе Ројтерс.

За воведувањето на мерката, Трамп се повика на член 338 од Законот за царини од 1930 година, кој му овозможува на претседателот да воведе казнени царини до 50% за земји за кои се оценува дека дискриминираат американски производи. Ова е првпат ова законско овластување да биде искористено по речиси еден век.

Новите царини, кои ќе стапат во сила за 30 дена, ќе опфатат увоз на вино, цемент, опрема за хокеј на мраз, млечни производи, базени за пливање, мебел, рибарска опрема, семиња, облека, перики и други производи.

Според Канцеларијата на американскиот трговски претставник, мерката ќе се однесува на канадски увоз во вредност од речиси 20 милијарди долари, што претставува околу 5,2% од вкупниот увоз на стоки од Канада во САД во 2025 година.

„Додека администрацијата работи на обезбедување фер и реципрочни трговски договори, Канада продолжува да возвраќа на американските напори за ребалансирање на трговијата и заштита на чувствителните индустрии“, изјави американскиот трговски претставник Џејмисон Грир.

Од канадска страна, премиерот Марк Карни порача дека владата доставила сеопфатни предлози за решавање на трговските несогласувања со Вашингтон и оцени дека претходните американски царини го прекршиле Договорот меѓу САД, Канада и Мексико (УСМЦА).

„Овој трговски спор ги зголеми трошоците за семејствата, особено во САД. Канада е подготвена интензивно да работи на решавање на отворените прашања во интерес на граѓаните на двете земји“, изјави Карни.

Во меѓувреме, администрацијата на Трамп продолжува со притисок врз трговските партнери. Американскиот трговски претставник Џејмисон Грир оваа недела води билатерални разговори со Мексико за измени на трговскиот договор УСMЦA, додека Канада засега е изоставена од тие преговори.

Повеќе
САД воведуваат нови царини од 50% за дел од канадските производи
ОЈО: Тројца вработени во гостиварски Комуналец под истрага за Тешки дела против животната средина
Најдобрата шахистка на сите времиња ја одби понудата да биде претседател на Унгарија
Новиот британски премиер ги намалува даноците на сметките за струја
САД заврши уште една серија напади врз воени цели во Иран
Иран тврди дека уништиле центар за податоци на Амазон во Бахреин
Петмина Палестинци убиени во новите израелски напади врз Газа
Зеленски се среќава со генерали со надеж дека ќе ги смири протестите
Приведени раководители на „Комуналец“ од Гостивар поради загадувањето на градскиот водовод
Трамп: Иран ќе плати „многукратно“ за сите убиени американски војници
Туфан Ерхурман: Кипарските Турци се еднакви сопственици на островот, а нe малцинство
Франција го обвини Иран за притворање на персоналот на амбасадата во Техеран
Бугарија: Парламентот ќе одлучува распоредување на американски авиони за полнење гориво
Хутите објавија дека воведуваат целосна поморска блокада врз Саудиска Арабија
Туркије ја одбележува 52. годишнина од мировната операција на Кипар