Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска ја повика Русија да влезе во мировни преговори и да ја замрзне линијата на фронтот во Украина.
Мерц на Меѓународната конференција за обнова на Украина, која се одржува во Гдањск, Полска, изјави дека Европејците сакаат да учествуваат во мировните преговори, објави германската НТВ.
„Русија нема да ја добие оваа војна“, рече Мерц, наведувајќи дека Европа и НАТО се подготвени да извршат уште поголем притисок врз руската економија.
Тој истакна дека Германија останува цврста во својата поддршка за Украина.
Преговорите меѓу Русија и Украина за прекин на конфликтот, со посредство на Соединетите Американски Држави, не дадоа резултати.
Главните европски земји бараат формат за учество во мировните преговори за Украина.
Домаќини на дводневната Меѓународна конференција за обнова на Украина се полскиот премиер Доналд Туск и неговата украинска колешка Јулија Свириденко.
Претставници на земјите-членки на ЕУ, како и на Групата седум (Г7) и меѓународни институции како што е Светската банка, исто така учествуваат во дискусиите.













