| Macedonian
ВОЈНА ВО ГАЗА
2 мин читање
Велика Британија воведе санкции за нелегалните израелски населби и блокада на помошта за Газа
Заштитата на решението со две држави е водечки принцип на пристапот на оваа Влада, sтатус кво состојбата на Западниот Брег и во Газа е неприфатлива, изјави британскиот министер за надворешни работи Ед Милибанд
Велика Британија воведе санкции за нелегалните израелски населби и блокада на помошта за Газа
Милибанд го спроведе првиот пакет санкции по септемвриското преиспитување на пристапот на Велика Британија кон израелските активности / Reuters (Wire)

Велика Британија денес соопшти дека вовела санкции против осум градежни компании и компании за развој на недвижности вклучени во проширувањето на нелегалните израелски населби на окупираниот Западен Брег, како и против група одговорна за блокирање на хуманитарната помош што влегува во Појасот Газа.

Британскиот министер за надворешни работи Ед Милибанд го спроведе првиот пакет санкции по септемвриското „преиспитување на пристапот на Велика Британија“ кон израелските активности на окупираниот Западен Брег и проширувањето на режимот на санкции за глобални прекршувања на човековите права, соопшти Министерството за надворешни работи.

„Денешните санкции се насочени кон градежни компании и компании за развој на недвижности вклучени во проширувањето на населбите, како и кон активистичка група позната по блокирањето на хуманитарната помош што влегува во Газа“, се наведува во соопштението.

Во него се додава дека „одлучните мерки“ против осумте градежни компании и компании за развој на недвижности ќе ги нарушат нивните финансиски текови и способноста да поддржуваат понатамошна изградба на Западниот Брег.

„Овој пакет санкции е најавен како одговор на континуираното забрзано проширување на населбите, кое израелската Влада не само што одбива да го спречи, туку и го олеснува и поттикнува“, се наведува во соопштението.

Милибанд најави и нови санкции поради блокирањето на испораките на помош за Газа. Мерките се насочени кон израелската група „Цав 9“, која организирала и спроведувала блокади со цел да ги спречи конвоите со хуманитарна помош да влезат во Појасот Газа, а такви активности биле забележани и во октомври.

„Заштитата на решението со две држави е водечки принцип на пристапот на оваа Влада“, изјави Милибанд.

Тој истакна дека британската Влада е посветена на продуктивна соработка со новата израелска Влада и Палестинската самоуправа „за унапредување на трајниот мир и безбедност за Израелците и Палестинците“.

„Статус кво состојбата на Западниот Брег и во Газа е неприфатлива“, додаде шефот на британската дипломатија.

Повеќе
Се урна српски МиГ-29, пилотот загинал
Дуран: Израел користи дезинформации за да ги прикрие масакрите во Газа
ЕУ: Платформите на социјалните медиуми не ги отстрануваат пријавените измами
Фидан: Туркије мора да преземе водечка улога во зајакнувањето на регионалната поврзаност
АСЕАН и Јапонија го одржаа 29-тиот самит во Манила, ветуваат посилна соработка
Форензички експерт вели дека смртта на Епстин е поверојатно убиство отколку самоубиство
Израел фрла експлозив спакуван во кутии врз објекти во Газа
Палестина бара одговорност од Израел за прегазени осум лица
Венс ветува дека Трамп нема да дозволи конфликтот со Иран да прерасне во уште една „вечна војна“
Рама: Колку побрзо Србија го признае Косово, толку подобро ќе биде за сите во регионот
Новото тричлено претседателство на БиХ ја презеде функцијата
Турскиот министер за надворешни работи учествува на министерски состанок во Брисел
Папата Лав XIV од Латинска Америка упати пораки за вера и правда
Трамп: Прашањето за шпионажа над Енвидија ќе го покренам со кинескиот лидер Ши
Од полноќ ново намалување на цените на бензините и дизелот