| Macedonian
СВЕТ
1 мин читање
11 мигранти се удавија близу Малта во спасувачка акција на рибарски брод
11 мигранти се удавија близу Малта во спасувачка акција на рибарски брод
11 мигранти се удавија близу Малта во спасувачка акција на рибарски брод

Најмалку 11 мигранти загинаа откако паднаа во морето за време на спасувачка операција во меѓународните води крај Малта, додека 53 други беа спасени од рибарски брод, соопштија малтешките власти.

Вооружените сили на Малта соопштија дека властите во неделата вечерта добиле пријава за брод што превезувал мигранти во неволја околу 50 наутички милји источно од Малта, надвор од територијалните води на земјата.

Потоа, Центарот за координација на спасувачките операции на Малта му наложил на рибарскиот брод, заедно со другите бродови во областа, да пружи помош, додадоа вооружените сили.

Сепак, неколку луѓе паднаа во морето додека се обидуваа да стигнат до рибарскиот брод за време на спасувањето.

Брод на италијанската крајбрежна стража подоцна ги пронајде телата на 11-те жртви.

Италијанските власти соопштија дека бродот отпловил од Либија.

„Секој изгубен живот е премногу. Потребна ни е посилна европска акција против шверцерите на луѓе и координиран медитерански пристап кон миграцијата за да се спречат понатамошни трагедии“, рече Глен Бедингфилд, министерот за внатрешни работи и безбедност на Малта, во објава преку американската компанија за социјални медиуми X.

Повеќе
Конаковиќ и Муцунски: Споделуваме заеднички предизвици, интерес ни е европскиот пат
Кинескиот претседател Си вети дека ќе ги прошири односите со Северна Кореја
Земјотрес со јачина од 7,8 степени однесе 14 лица, а 7 други се исчезнати во јужните Филипини
Калас: На Блискиот Исток не му е потребна ескалација
Израел детектира нова серија истрелани ирански ракети
Нетанјаху ќе го свика безбедносниот кабинет по обновените напади
Курти повторно победи на вонредните избори во Косово
Ирански петрохемиски објект погоден во израелски воздушен напад
Разговор Фидан и Арагчи: Во фокусот регионалните тензии и преговорите меѓу Иран и САД
Трамп го предупреди Нетанјаху: Не возвраќајте му на Иран, финализирајте договор
Мицкоски: Градежништвото е еден од најголемите контрибутори во растот на БДП
Муцунски во посета на Босна и Херцеговина на средба со Конаковиќ
Движењето Самоопределување на Албин Курти води на изборите во Косово
Анкета: Израел и Нетанјаху се соочуваат со неповолно глобално јавно мислење
Последниот чувар на турските чкрипливи чизми: Не сакам овој занает да исчезне