Мнозинството граѓани во 36 земји имаат негативно мислење за Израел и немаат доверба во премиерот Бенјамин Нетанјаху, покажува ново истражување на Pew Research Center.
Анкетата, објавена во четвртокот и спроведена во периодот од 8 февруари до 13 мај 2026 година, покажала дека на глобално ниво, во просек 67 проценти од возрасните гледаат неповолно на Израел, додека 25 проценти имаат поволно мислење.
Ставовите биле особено негативни во земјите со муслиманско мнозинство кои биле опфатени со истражувањето, вклучувајќи ги Бангладеш, Индонезија, Малезија, Пакистан, Туркије, окупираниот Западен Брег и Источен Кудс (Источен Ерусалим).
Мнозинството испитаници во повеќето анкетирани земји изјавиле дека имаат малку или воопшто немаат доверба во Нетанјаху кога станува збор за носење правилни одлуки во светските прашања, се наведува во истражувањето.
Кенија и Филипините биле единствените земји каде што повеќе од половина од јавноста изразила доверба во израелскиот премиер.
Според истражувањето на Pew, негативните ставови кон Израел се зголемиле во 13 од 24 земји за кои биле достапни споредливи податоци од 2025 година.















