Премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски, изјави дека со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ќе се разговара за актуелната состојба во процесот на проширување на Европската Унија (ЕУ).
Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања по еден настан, меѓу другото, коментираше и во однос на посетата на Фон дер Лајен, која во петок ќе престојува во Скопје во рамките на нејзината турнеја во земјите на Западен Балкан.
Во врска со учеството на ЕУ во преговорите со Бугарија, Мицкоски рече дека Северна Македонија е подготвена да разговара за ова прашање со присуство на претставници на Европската комисија и ЕУ.
Тој истакна дека државата ќе продолжи да ги исполнува реформите и изрази сомнение во информациите дека Северна Македонија, заедно со Косово и Босна и Херцеговина, во оваа фаза нема да добие патоказ за пристапување кон ЕУ.
„Прво треба да видиме дали тоа е така или не е. Моите информации не велат дека е така“, изјави Мицкоски.























