| Macedonian
СВЕТ
2 мин читање
ЕУ до 2029 година ќе го воведе дигиталното евро
Дигиталното евро е една од предложените мерки за зајакнување на стратешката автономија на Европа. Тоа е дигитална форма на пари на централните банки, кои би биле издадени и гарантирани од Европската централна банка.
ЕУ до 2029 година ќе го воведе дигиталното евро
ЕУ до 2029 година ќе го воведе дигиталното евро

Комитетот за економска и монетарна политика на Европскиот парламент одобри воведувањето на дигитално евро до 2029 година, со цел Европска Унија да ја намали својата зависност од платните системи контролирани од САД.

Дигиталното евро е една од предложените мерки за зајакнување на стратешката автономија на Европа. Тоа е дигитална форма на пари на централните банки, кои би биле издадени и гарантирани од Европската централна банка. Дигиталното евро нема да го замени еврото.

Според предлогот, граѓаните би можеле да чуваат дигитални евра во посебен дигитален паричник, предмет на ограничување на износот што сè уште не е утврдено. Системот би поддржувал онлајн и офлајн плаќања и е дизајниран да понуди високо ниво на приватност, што значи дека ЕЦБ нема да може директно да ги идентификува корисниците врз основа на нивните податоци за плаќање.

Според податоци на ЕЦБ, 61 процент од плаќањата со картички во еврозоната и сите прекугранични трансакции со картички се извршуваат преку американските компании „Виза“ и „Мастеркард“. Дебатата за финансискиот суверенитет на Европа се интензивираше поради растечките геополитички тензии и загриженоста за зависноста на блокот од странската платна инфраструктура.

Се очекува Европскиот парламент да го формализира ставот на комитетот на пленарно гласање во Стразбур на почетокот на јули. После тоа, би започнале преговорите со 27-те земји-членки на ЕУ, а пратениците се надеваат дека ќе постигнат конечен договор пред крајот на годината.

Кина веќе го лансираше својот дигитален јуан, додека Русија објави дека нејзината дигитална рубља ќе стане оперативна во септември оваа година. 


ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Најмалку 32 лица загинаа, а над 700 се повредени во два силни земјотреси во Венецуела
Лидерите на НАТО ќе се соберат во Анкара на Самитот на 7 и 8 јули
Милановиќ му ги одзеде одликувањата на Главаш по пресудата за воени злосторства
Куртулмуш повика на сеопфатни реформи низ целиот исламски свет
Данска: Разговорите за Гренланд со САД би можеле да завршат со договор до крајот на годината
Лавров: Русија нема да се согласи на примирје во Украина заради мировни преговори
Трамп му рекол на Нетанјаху: „На сите Евреи им е преку глава од тебе“
Ердоган: Мирот ќе преовлада и покрај израелските провокации
Радев: Американските воени авиони го напуштаат аеродромот во Софија кон крајот на месецот
Заврши судењето на Нетанјаху за корупција по 98 судски рочишта
Рубио ја потврди посветеноста на САД за ОАЕ и заливските земји по војната со Иран
Убиено палестинско дете во израелските напади врз Газа
Трамп: Преговорите со Иран ќе завршат ако воведат давачки за бродовите
Русија најави нова рунда разговори со САД до крајот на летото
Хакан Фидан во Канада: Фокус на трговијата, енергетиката и зајакнувањето на билатералната соработка