| Macedonian
ПОЛИТИКА
2 мин читање
Кремљ ја нарече средбата на Путин со американските претставници „мал чекор кон мир“
Виткоф и Кушнер се сретнаа со Путин во Москва во саботата, како дел од напорите на САД за ставање крај на војната, a потоа отпатуваа во Киев и се сретнаа со украинскиот претседател Зеленски вчера, што е нивна прва посета на Украина
Кремљ ја нарече средбата на Путин со американските претставници „мал чекор кон мир“
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков рече дека Москва вистински ги ценинапорите на американските преговарачи за мир

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денес ја опиша средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американските претставници Стив Виткоф и Џаред Кушнер во Москва како „мал чекор кон мир“.

На прес-конференцијата, Песков рече дека Москва „вистински ги цени“ напорите на американските преговарачи за мир.

„Секако, сите обиди се повеќе или помалку ефикасни; тоа е еден мал чекор кон мир“, рече Песков. „Ние навистина многу ги цениме напорите на американските преговарачи за мир“.

Виткоф и Кушнер се сретнаа со Путин во Москва во саботата, како дел од напорите на САД за ставање крај на војната меѓу Русија и Украина, која влезе во својата петта година. Потоа тие отпатуваа во Киев и се сретнаа со украинскиот претседател Владимир Зеленски вчера, што е нивна прва посета на Украина од почетокот на војната.

Помошникот на Кремљ, Јуриј Ушаков, рече дека разговорите траеле три часа и 10 минути и ја опфатиле војната во Украина, како и потенцијалните големи руско-американски проекти. Тој ја опиша средбата како „суштинска, конструктивна и исклучително искрена“.

Москва и Киев последен пат одржаа мировни преговори со посредство на САД претходно оваа година, со три рунди разговори во јануари и февруари.

Оттогаш преговорите се паузирани, а Москва и Киев го припишуваат прекинот на војната на САД со Иран, која започна кон крајот на февруари.

Повеќе
Гаши: Државноста не се постигнува само со еден политички акт, државата се гради секој ден
Европската комисија без осуда на погребот на Младиќ
Воениот злосторник Ратко Младиќ погребан со воени почести во Белград
Потпишан Меморандум за институционална соработка со Катар во областа на трудот
Потпишан договор за распоредување косовски војници во Газа
Мерц: Најпогубен изборен пораз за ЦДУ, ќе има последици
Туркије ќе соработува со данска компанија за употреба на ториумот во нуклеарната технологија
Aлбанезе: Израелското чистење на урнатините во Газа може да ги избрише доказите за злосторствата
Кремљ ја нарече средбата на Путин со американските претставници „мал чекор кон мир“
Поскапуваат и дизелот и бензиите
ЕУ ја осудува „глорификацијата“ на починатиот воен злосторник Младиќ
Русија и Северна Кореја го отворија првиот патен мост преку реката Тумен
Јапонската метеоролошка агенција издаде највисоко предупредување за свлечиште за островот Ниџима
Студија: Израел изгуби 1.370 лекари за три години поради интензивирањето на одливот на мозоци
Иран ја предупредува Јужна Кореја за „сериозни последици“ поради воената улога во Ормускиот теснец