| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Поскапуваат и дизелот и бензиите
Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 сега ќе чини 97 денари, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 99 денари, или двете поскапуваат за по 3 денари на литар, додека ЕУРОДИЗЕЛ Д-Е В поскапе за 6 денари, стигнувајќи до 101 денат за литар
Поскапуваат и дизелот и бензиите
Поскапувањето, важечко од полноќ на 8 септември, во просек изнесува 4,89% во однос на претходната одлука

Регулаторната комисија за енергетика ги објави новите цени на нафтените деривати, а дизелот повторно ја премина стотката, овојпат стигнувајќи до 101 денар за литар. Поскапувањето, важечко од полноќ на 8 септември, во просек изнесува 4,89 отсто во однос на претходната одлука.

Бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 поскапуваат за по 3 денари на литар, при што 95-октанскиот сега ќе чини 97 денари, а 98-октанскиот – 99 денари. Најостро, сепак, поскапи дизелот – ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В) поскапе за 6 денари, стигнувајќи до 101 денар за литар.

Најголем удар, во релативни бројки, доживеа Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), чијашто цена скокна за дури 8 денари, на 105 денари за литар – гориво коешто директно го чувствуваат домаќинствата што греат на нафта пред настапувачката зима. Дополнително поскапе и мазутот М-1 НС, за 1,591 денар по килограм, на нови 46,001 денари.

Од Регулаторната комисија поскапувањето директно го образложуваат со движењата надвор од земјата – повисоки референтни цени на светските берзи и промени во курсот на денарот во однос на доларот, комбинација која автоматски се пресликува врз домашниот ценовник според веќе воспоставената методологија.

Дополнително, курсот на денарот во однос на доларот во анализираниот период бил повисок, што исто така влијаело врз формирањето на крајните цени.

И во оваа одлука продолжува примената на намалената акциза – за бензините за 2 денари по литар, а за дизелот за 4 денари по литар.

Повеќе
Русија и Северна Кореја го отворија првиот патен мост преку реката Тумен
Јапонската метеоролошка агенција издаде највисоко предупредување за свлечиште за островот Ниџима
Студија: Израел изгуби 1.370 лекари за три години поради интензивирањето на одливот на мозоци
Иран ја предупредува Јужна Кореја за „сериозни последици“ поради воената улога во Ормускиот теснец
АФД слави историска победа на изборите во Саксонија-Анхалт
Осма жртва од западнонилска треска
Турската министерка Оздемир Ѓокташ оствари средба со претседателот на Собранието на РСМ, Африм Гаши
Туркије и Северна Македонија потпишаа Меморандум за соработка во областа на социјалните услуги
Израелски весник со план за задолжените Американци: Отпишување на долгот, па во инвазија на Иран
Туркије работи на завршување на војната меѓу САД и Иран, му рекол Ердоган на лидерот на ОАЕ
Како покраинските избори во Германија го тестираат патот на крајната десница до власта
Турска претприемачка ги претвора фрлените школки во вештачки гребени
Бесконечно играње игри:Каде завршува интензивната ангажираност, а каде започнува штетното однесување
Како еден турски мајстор ја усовршил уметноста на интарзија на седеф
Две години по убиството на турско-американската активистка на Западниот Брег нема истрага во САД