| Macedonian
Цените на нафтата паднаа на најниско ниво од февруари откако ОПЕК го зголеми производството
ОПЕК плус одобри зголемување на производствените квоти за следниот месец за 188.000 барели дневно, продолжувајќи го постепеното укинување на претходно воведените ограничувања на производството
Цените на нафтата паднаа на најниско ниво од февруари откако ОПЕК го зголеми производството
Нормализацијата на поморскиот сообраќај преку Ормускиот Tеснец исто така придонесе за смирување на пазарот / Reuters

Цените на нафтата денес паднаа на најниско ниво од крајот на февруари, при што глобалната референтна нафта Брент се движеше околу 72 долари за барел, а американската сурова нафта ВТИ се движеше околу 69 долари.

Ова се случи откако членовите на Организацијата на земјите извознички на нафта ОПЕК плус одобрија ново зголемување на производството, додека поморскиот сообраќај низ Ормускиот Теснец постепено се враќа во нормални текови, објави Трејдинг економикс.

ОПЕК плус одобри зголемување на производствените квоти за следниот месец за 188.000 барели дневно, продолжувајќи го постепеното укинување на претходно воведените ограничувања на производството, со проценка дека ситуацијата на пазарот се стабилизира.

Во исто време, водечките производители од Персискиот Залив го забрзуваат зголемувањето на производството, а извозот на Саудиска Арабија се приближува до нивоата видени пред неодамнешните регионални конфликти.

Нормализацијата на поморскиот сообраќај преку Ормускиот тТеснец, еден од најважните светски патишта за транспорт на енергетски производи, исто така придонесе за смирување на пазарот, откако некои танкери ги сменија рутите или привремено се откажаа од премин од безбедносни причини.

Дополнителен притисок врз цените дојде од одлуката на Саудиска Арабија да ја намали официјалната продажна цена на својата главна сурова нафта за купувачите во Азија.

Августската цена сега е утврдена со попуст од 1,50 долари за барел во однос на референтната цена.

Аналитичарите проценуваат дека комбинацијата од зголемена понуда и намалување на геополитичките ризици придонесува за слабеење на цените на нафтата на светскиот пазар.

Повеќе
Поскапуваат и дизелот и бензините
Турскиот претседател ќе биде домаќин на светските лидери на самитот на НАТО во Анкара
Туркије ќе биде домаќин на лидери од економски блок вреден 70 милијарди долари на Самитот на НАТО
Се заострува јавниот спор меѓу Трамп и Мелони
Глобален дијалог за ВИ во Женева – Гутереш: Вештачката интелигенција го обликува светот
Украина вели дека 11 лица загинале, 46 се повредени во рускиот воздушен напад во текот на ноќта
Четворица Палестинци убиени, а 22 повредени во израелските напади во Газа
Поранешниот јужнокорејски премиер објави кандидатура за лидер на владејачката партија
Најмалку 25 лица загинаа во топлотниот бран што ги зафати САД
Извештај: Крадци украле накит во вредност од милиони евра од музејот Лалик во Франција
Турската фрегата ја претставува Туркије на настаните по повод 250-годишнината од САД во Њујорк
Зеленски: Украина може да ја надмине Русија во производство на оружје на долг рок
Мерц до Трамп: Германија е подготвена да преземе поголема одговорност за европската безбедност
Наскоро средба Трамп – Нетанјаху
Финска планира да нарача системи за воздушна одбрана од Шведска вредни 108 милиони евра