| Macedonian
СВЕТ
1 мин читање
Финска планира да нарача системи за воздушна одбрана од Шведска вредни 108 милиони евра
Се работи за напредна верзија на мобилниот ракетен систем земја-воздух на Финските одбранбени сили, нагласувајќи дека новиот ќе ги подобри способностите на земјата да се спротивстави и на беспилотните и на пилотираните воздушни летала.
Финска планира да нарача системи за воздушна одбрана од Шведска вредни 108 милиони евра
Finland to purchase advanced air defense systems from Sweden / AA

Финска планира да нарача системи за воздушна одбрана со краток дострел од Шведска, објави Министерството за одбрана денеска.

„Министерот за одбрана Анти Хаканен ги овласти Финските одбранбени сили да набават системи за воздушна одбрана со краток дострел RBS 70 NG од шведскиот Saab. Набавката ќе го зајакне површинското покривање на GBAD низ цела Финска“, се вели во писменото соопштение на министерството.

Во соопштението се наведува дека RBS 70 NG е напредна верзија на мобилниот ракетен систем земја-воздух на Финските одбранбени сили, нагласувајќи дека новиот ќе ги подобри способностите на земјата да се спротивстави и на беспилотните и на пилотираните воздушни летала.

„Го развиваме финскиот систем за воздушна одбрана од целосен спектар на закани. Заштитата на нашата подготвеност бара соодветни и модерни системи за секој вид закана. Оваа набавка е само една компонента од поголем пакет“, рече Хаканен.

Набавката се состои од муниција, опрема за обука и систем за одржување, се додава во соопштението.

Понатаму се нагласува дека вкупната вредност на набавката е 108 милиони евра (123 милиони американски долари).

Се очекува системот да биде целосно оперативен до крајот на 2020-тите.

Повеќе
Демонстрант со знаме на Тибет се самозапалил пред седиштето на ОН во Њујорк
САД: ИЦЕ уапси 10.000 мигранти за пет дена, најавени се нови апсења
Фидан: Ердоган и Трамп имаат заедничка волја за укинување на санкциите преку КААТСА
Одобрувањето на нови израелски населби во Западниот Брег предизвикаа реакции кај Палестинците
Земјотрес со јачина од 6,2 степени ја погоди источна Индонезија
Најмалку 21.000 деца убиени во Газа по 1.000 дена израелска војна: Спасете ги децата!
1.000 клима уреди ќе бидат доставени до болниците во регионот на Париз до крајот на неделата
Перу прогласи вонредна состојба во 22 региони поради претстојните дождови поврзани со Ел Нињо
САД отфрли секаква надлежност на Меѓународниот кривичен суд над Американците
Зеленски: Путин ја губи војната
Канада на Самитот на НАТО во Туркије ќе го објави основањето на Светска банка за одбрана
Шестмина загинти и 22 се повредени во експлозија на бомба во кафуле во Дамаск
Претседателот на турскиот Бајкар им го претстави „КИЗИЛЕЛМА“ на НАТО-парламентарците
Тензии на протестот пред албанското Собрание во Тирана
Калас во Сараево уште еднаш ги повика политичарите во БиХ да продолжат по европскиот пат