| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Поскапуваат и дизелот и бензините
Со новата пресметка, бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 поскапува од 84,50 на 85,50 денари, ЕУРОСУПЕР БС-98 од 86,50 на 87,50 денари, дизелот од 80,00 на 82,50 денари, а ЕЛ-1 од 79,50 на 81,50 денари, објави Регулаторната комисија за енергетика
Поскапуваат и дизелот и бензините
Во образложението на одлуката, РКЕ наведува дека на светскиот пазар е регистриран раст на референтните цени кај бензините и дизелот / Reuters

Регулаторната комисија за енергетика денеска донесе нова одлука со која се зголемуваат малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,47 отсто во однос на претходната одлука од 29 јуни.

Според новата одлука, цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 85,50 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по 87,50 денари за литар.

ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) поскапува за 2,50 денари и новата цена изнесува 82,50 денари за литар. Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) поскапува за 2,00 денари и ќе чини 81,50 денари за литар.

Кај мазутот М-1 НС има мало намалување, па новата цена изнесува 41,230 денари за килограм, што е за 0,265 денари помалку од претходно.

Во образложението на одлуката, РКЕ наведува дека на светскиот пазар е регистриран раст на референтните цени кај бензините, дизелот и екстра лесното масло, додека кај мазутот има благо намалување. Влијание врз пресметката имал и курсот на денарот во однос на американскиот долар, кој во анализираниот период бил повисок за 1,5132 проценти.

Со новата пресметка, бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 поскапува од 84,50 на 85,50 денари, ЕУРОСУПЕР БС-98 од 86,50 на 87,50 денари, дизелот од 80,00 на 82,50 денари, а ЕЛ-1 од 79,50 на 81,50 денари.

Премиерот Христијан Мицкоски вчера најави дека од утре се очекува ново зголемување на цените на горивата, како последица на растот на цената на суровата нафта на светските берзи.

Мицкоски објасни дека корекцијата на цените е резултат на глобалните движења на пазарот, при што цената на суровата нафта во изминатите денови пораснала за околу пет до шест проценти, а поскапување е забележано и кај бензините на светските берзи.

И покрај најавеното зголемување, премиерот порача дека Македонија и понатаму има едни од најниските цени на горивата во регионот и дека Владата внимателно ги следи состојбите на енергетскиот пазар.

Повеќе
Турскиот претседател ќе биде домаќин на светските лидери на самитот на НАТО во Анкара
Туркије ќе биде домаќин на лидери од економски блок вреден 70 милијарди долари на Самитот на НАТО
Се заострува јавниот спор меѓу Трамп и Мелони
Глобален дијалог за ВИ во Женева – Гутереш: Вештачката интелигенција го обликува светот
Украина вели дека 11 лица загинале, 46 се повредени во рускиот воздушен напад во текот на ноќта
Четворица Палестинци убиени, а 22 повредени во израелските напади во Газа
Поранешниот јужнокорејски премиер објави кандидатура за лидер на владејачката партија
Најмалку 25 лица загинаа во топлотниот бран што ги зафати САД
Извештај: Крадци украле накит во вредност од милиони евра од музејот Лалик во Франција
Турската фрегата ја претставува Туркије на настаните по повод 250-годишнината од САД во Њујорк
Зеленски: Украина може да ја надмине Русија во производство на оружје на долг рок
Мерц до Трамп: Германија е подготвена да преземе поголема одговорност за европската безбедност
Наскоро средба Трамп – Нетанјаху
Финска планира да нарача системи за воздушна одбрана од Шведска вредни 108 милиони евра
Договор за неширење на нуклеарното оружје: Пактот што го преобликуваше нуклеарното доба