Израел ја засилува координацијата со САД откако се засилија тензиите во Ормутскиот Теснец кои го доведоа во опасност договорот за прекин на огнот, објави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на израелски извори.
Координацијата вклучува подготовка за „потенцијална нова рунда напади врз Иран“, која би „би се фокусирала на енергетската инфраструктура и таргетираното убивање високи ирански функционери“, се вели во извештајот.
Повеќето од овие планови беа во голема мера подготвени за извршување во пресрет на прекинот на огнот на почетокот на април, се вели во извештајот.
„Намерата би била да се спроведе кратка кампања насочена кон притисок врз Иран за понатамошни отстапки во преговорите“, се цитира во извештајот израелскиот извор.
Сепак, изворот нагласи дека конечната одлука за тоа дали да се обноват непријателствата е на американскиот претседател Доналд Трамп.
Израел од самиот почеток е скептичен во врска со перспективите за преговори меѓу Иран и САД, рече израелскиот функционер.










