Сите четири аеродроми во Москва главниот руски град ги прекинаа операциите поради заканата од напади со украински беспилотни летала, соопштија аеродромските власти.
Прес-службите на аеродромот ги објавија ограничувањата во посебни изјави, додавајќи дека распоредот на летови може да се прилагоди.
Беше забележано дека ограничувањата се воведени поради активирањето на „планот Ковер“, кој предвидува целосно затворање на воздушниот простор за сите авиони, со ретки исклучоци.
Ограничувања објавија аеродромите Внуково, Домодедово, Жуковски и Шереметјево.
Дополнително, мобилниот интернет е оневозможен во Москва почнувајќи од денес. Руските власти овие ограничувања ги објавија во понеделник.
Во владиното соопштение се наведува дека ограничувањата се воведени во врска со празничните настани по повод прославата на Денот на победата во Втората светска војна.
Ограничувањата беа заострени откако украинскиот претседател Володимир Зеленски наводно предупреди на самитот на Европската политичка заедница во Ереван во понеделник дека украински беспилотни летала би можеле да влезат во парадата на Црвениот плоштад во Москва на 9 мај.










