| Macedonian
ПОЛИТИКА
1 мин читање
Иран: Ќе одговориме на блокадата на САД со целосно затворање на Персискиот Залив
Иранските вооружени сили „нема да дозволат продолжување на каков било извоз или увоз“ во стратегиските водни патишта, вклучувајќи ги Персискиот Залив, Оманското Море и Црвеното Море
Иран: Ќе одговориме на блокадата на САД со целосно затворање на Персискиот Залив
Иран: Ќе одговориме на блокадата на САД со целосно затворање на Персискиот Залив / AP
пред 3 часа

Централниот штаб „Хатам ал-Анбија“ на Иран се закани дека ќе го блокира извозот и увозот низ Персискиот Залив, Оманското Море и Црвеното Море како одговор на американската поморска блокада на иранските пристаништа.

Доколку „агресивните и терористички САД“ продолжат со „нелегалните дејствија за поморска блокада и создаваат несигурност за иранските комерцијални бродови и танкери за нафта“, таквите потези ќе се сметаат за „увертира за прекршување на прекинот на огнот“, изјави генерал-мајор Али Абдолахи, командант на Централниот штаб, во соопштението што го пренесе новинската агенција „Фарс“.

Тој предупреди дека доколку блокадата продолжи, Иранските вооружени сили „нема да дозволат продолжување на каков било извоз или увоз“ во стратегиските водни патишта, вклучувајќи ги Персискиот Залив, Оманското Море и Црвеното Море.

САД воведоа поморска блокада околу иранските пристаништа по нивните директни преговори во Пакистан, кои завршија без договор овој викенд.

Повеќе од 3.300 луѓе се убиени во американско-израелските воздушни напади во Иран од 28 февруари, според иранските власти.

Техеран возврати со ракетни напади и напади со беспилотни летала насочени кон Израел, Ирак, Јордан и земјите од Персискиот Залив каде што се наоѓаат американски воени бази, пред минатата недела да биде објавен двонеделен прекин на огнот.

Повеќе
Затворениот палестински лидер Баргути се соочува со „брутални“ напади во израелските затвори
Милатовиќ во Берлин: Клучен момент за забрзување на интеграцијата во ЕУ
Деветмина загинаа во израелски напади во јужен Либан
Фидан разговараше со колегите од Пакистан и Иран за мировните разговори меѓу Вашингтон и Техеран
Дизелот поевтинува за 2,5 денари за литар, а бензините за 1,5 денар за литар
Либан и Израел во Вашингтон ги почнаа првите директни разговори по повеќе од 30 години
Смотрич го критикува Мерц за предупредувањето за нелегалната анексија на Западниот Брег
Црногорските превозници почнаа блокада на товарниот сообраќај на граничните премини
Иран обвини пет арапски држави за учество во американско-израелските напади и бара отштета
Италија ќе го замрзне одбранбениот договор со Израел
Убиени уште тројца Палестинци во Газа, бројот на жртви достигна 72.300
Најмалку 17 лица убиени во новите израелски воздушни напади во јужен Либан
ИФРЦ планира повеќе пратки помош од Туркије за Иран
Македонската полиција се приклучува на Европската акциска контрола на брзина на патиштата
Израел не прифати примирје во Либан на преговорите во Вашингтон