| Macedonian
РЕГИОН
1 мин читање
Грција купува израелски ракетни системи ПУЛС во вредност од 758 милиони долари
Грција и Израел развија економски и дипломатски односи, во последните години одржаа неколку заеднички воени вежби, а во јужна Грција работи и центар за обука на пилоти
Грција купува израелски ракетни системи ПУЛС во вредност од 758 милиони долари
Грција, исто така, преговара со Израел за развој на противвоздушен и противракетен систем вреден околу три милијарди евра / Reuters
пред 10 часа

Министерствата за одбрана на Грција и Израел денес во Атина потпишале договор за набавка на израелски ракетни артилериски системи ПУЛС за грчката армија, во вредност од околу 758 милиони американски долари, објави израелското Министерство за одбрана.

Вредноста на договорот е околу 2,3 милијарди израелски шекели, или приближно 757,8 милиони долари, според Тајмс оф Израел.

Израелското Министерство за одбрана изјави дека овој договор е дел од стратегијата за проширување на извозот на одбранбената индустрија, со цел зајакнување на капацитетите на израелската војска, унапредување на политичките цели и поддршка на економијата.

Системот ПУЛС, произведен од израелската компанија Елбит, има дострел до 300 километри.

Договорот предвидува производство на одредени компоненти во Грција, а како што е најавено, спроведувањето на договорот ќе трае четири години, по што ќе следи десетгодишен период на поддршка и одржување.

Грција и Израел развија економски и дипломатски односи, во последните години одржаа неколку заеднички воени вежби, а во јужна Грција работи и центар за обука на пилоти, објаснува израелскиот портал.

Грција, исто така, преговара со Израел за развој на противвоздушен и противракетен систем вреден околу три милијарди евра.

Повеќе
Трамп предложи рекорден воен буџет, бара скратувања на другите програми
Палестински земјоделец убиен од нелегални доселеници на сопствената земја кај Ерусалим
Хаифа под оган: Експлозии и голема штета по иранскиот напад
Најмалку 17 загинати во Иран по заеднички напади на САД и Израел
Сеул жали за упадите со дронови во Северна Кореја
Швајцарија ќе го повика израелскиот амбасадор поради законот за смртна казна за Палестинците
Трамп му се закани на Иран со уништување на електраните и мостовите ако нема договор до вторник
Со дозвола од Иран: 15 бродови поминале низ Ормускиот теснец во последните 24 часа
Медиуми: САД и Иран разгледуваат 45-дневен прекин на огнот
Пронајден експлозив кај гасоводот меѓу Србија и Унгарија, Вучиќ разговарал со Орбан
Намалени акцизите за горивата, ДДВ од 10 отсто ќе продолжи до крајот на кризната состојба
Турскиот претседател упати честитки до христијанската заедница за Велигден
Ердоган - Руте: „Геостратешкиот ќорсокак“ се продлабочува околу Иран
Американски борбен авион соборен над Иран
Договорот на Фолксваген со Израел го отсликува неговото најмрачно поглавје со нацистичка Германија