| Macedonian
Најавите на Трамп за силни напади врз Иран повторно ги зголемија цените на нафтата
Според податоците од берзите, цената на суровата нафта се зголеми за 6,41% на 106.494 долари за барел, а цената на нафтата од типот Брент се зголеми за 6,62% на 107.909 долари
Најавите на Трамп за силни напади врз Иран повторно ги зголемија цените на нафтата
Европските индекси паднаа по ноќешното обраќање на Трамп до нацијата за состојбата на Блискиот Исток / Reuters
пред 5 часа

Европските индекси паднаа, а цените на нафтата се искачија на речиси 108 долари за барел откако американскиот претседател Доналд Трамп во обраќањето до нацијата за ситуацијата на Блискиот Исток објави дека Соединетите Американски Држави ќе го удрат Иран „екстремно силно“ во следните две или три недели.

Според податоците од берзите, цената на суровата нафта се зголеми за 6,41% на 106.494 долари за барел во 9:30 часот наутро, а цената на нафтата од типот Брент се зголеми за 6,62% на 107.909 долари.

Кратко по говорот на Трамп, азиските пазари ги поништија претходните добивки во тргувањето во четврток, бидејќи паднаа референтните вредности во Австралија, Јапонија и Јужна Кореја, што се пренесе и на европските акции.

Индексот ДАКС на Франкфуртската берза падна за 1,41% на 22.946,81 поени, францускиот ЦAЦ 40 за 1,2% на 7.883,07 поени, британскиот ФТСE 100 за 0,56% на 10.306,32 поени, а московскиот MOEКС порасна за 0,22% на 2.781,13 поени

Европските фјучерси за гас за мај беа продадени на отворањето на берзата ТТФ во Амстердам по цена од 50.250 евра за мегават-час.

Цената на златото падна на 4.621,42 долари за тројанска унца, а цената на пченицата се искачи на 6,0456 долари за бушел (еден бушел е еднаков на 27,216 кг).

Вредноста на еврото во однос на доларот на Форекс берзата е 1,15317 долари, што е за 0,5 проценти повисока отколку на почетокот на тргувањето.

На американските пазари, вредноста на индексот Дау Џонс се зголеми за 0,48% на 46.565,74 поени, на С&П 500 за 0,72% на 6.575,32 поени, а вредноста на индексот Насдак за 1,16 % на 21.840,95 поени.

Повеќе
Медиуми: Иран го започна најголемиот ракетен напад од почетокот на војната
Гаши: Соживотот и дијалогот клучни за стабилноста во регионот
Во Скопје одржан Самит на верските заедниции на Балканот
Трамп: Новото раководство на Иран бара прекин на огнот
Германија ги намалува загриженостите околу заканата на Трамп за напуштање на НАТО
Мицкоски: Состојбата со горивата е стабилна, струјата нема да поскапи
Ердоган: Израел првенствено е одговорен за незаконската војна со Иран
Трамп: Сериозно размислувам за повлекување на САД од НАТО
Техеран има 4 барања до САД и Израел за постигнување траен мир на Блискиот Исток
Иран ѝ се закани на Бугарија поради американските авиони стационирани на аеродромот во Софија
Зеленски: Русија бара повлекување на Украина од Донбас во рок од два месеци
Хамнеи: Иран ветува континуирана поддршка на Хезболах во борбата против САД и Израел
Хутите тврдат дека извршиле ракетен напад врз Израел заедно со Иран и Хезболах
Аракчи: Разменети се некои пораки меѓу Иран и САД, но тоа не значи дека преговараме
Папата Лав го повика Трамп да бара „излез од војната“ додека ескалира војната меѓу Иран