| Macedonian
ПОЛИТИКА
2 мин читање
Макрон повика на нов светски поредок, предупреди на пасивност пред глобалниот „неред“
Не смееме да бидеме само пасивни набљудувачи во овој нов неред, мора да изградиме нов поредок, нашата цел не е да бидеме подредени на две хегемонистички сили, рече францускиот претседател, мислејќи на САД и Кина
Макрон повика на нов светски поредок, предупреди на пасивност пред глобалниот „неред“
Во обраќањето пред студентите на Универзитетот Јонсеи во Сеул, Макрон истакна дека децениската стабилност и воспоставените норми сега се разнишани / Reuters
пред 2 часа

Францускиот претседател Емануел Макрон денес повика на градење нов светски поредок и предупреди дека не смее да се остане „пасивен“ во време на, како што го опиша, сè поголемиот глобален неред.

За време на обраќањето пред студентите на Универзитетот „Јонсеи“ во рамките на посетата на Јужна Кореја, Макрон истакна дека децениската стабилност и воспоставените норми сега се „разнишани“.

„Со децении имавме таканаречена стабилност заснована врз овој меѓународен поредок и неколку уверувања што ги имавме; сега сè е разнишано. Не смееме да бидеме само пасивни набљудувачи во овој нов неред. Мора да изградиме нов поредок“, изјави тој.

Макрон се заложи за систем заснован врз соработка меѓу „способните и подготвени земји“ што поддржуваат една, како што ја нарече, „коалиција на независноста“.

„Сметам дека наша цел не е да бидеме подредени на две хегемонистички сили“, рече тој, мислејќи на Кина и Соединетите Американски Држави.

Тој додаде дека земјите треба да избегнуваат зависност од кинеската „доминација“, но и изложеност на она што го нарече американска „непредвидливост“.

Макрон, исто така, ја нагласи важноста на обновена меѓународна соработка, особено во областа на истражувањето и науката.

„Она што го искусивме во последните неколку години е еден вид фрагментација на таа соработка. Некои земји почнаа да блокираат одредени заеднички иницијативи“, истакна францускиот претседател.

Тој додаде дека одредени држави почнале да ги кратат средствата во клучните области, нарекувајќи го тоа „предавство на духот на координацијата и соработката што ни е потребна“.

„Затоа, некое време треба да престанеме со натпреварувањето и да кажеме како да го изградиме вистинскиот компромис и да работиме заедно“, заклучи Макрон.

Повеќе
Арапската лига повика на истрага од МКС за закон за смртна казна за палестинските затвореници
Ердоган: Водата ја заменува нафтата како стратешки ресурс
Фидан во разговор со германскиот шеф на дипломатија и на онлајн состанок за Ормуз
Џевдет Јилмаз: Најостра осуда за нападот од ЕОКА врз граѓани на Турската Република Северен Кипар
Гутереш: Светот е на раб на поширока војна која би можела да го зафати Блискиот Исток
Трамп: Членките на НАТО да соберат храброст и да испратат воени бродови во Ормутскиот теснец
Американски и израелски авиони погодија клучен мост во Иран
Албанија: Прекината седница на Парламентот откако опозицијата ја блокираше говорницата
Орбан: Да се укинат санкциите кон Русија поради енергетската криза во Европа
Путин најави нов самит Русија-Африка кој ќе се одржи во октомври
Пакистан и Авганистан одржуваат разговори во Кина по граничните судири
Поставен камен-темелникот на далновод од ТС „Битола 2“ на граничниот премин Ќафасан
Туркије предупредува дека војната на Блискиот Исток може да се прошири, повикува на дипломатија
Советот за безбедност на ОН ги осуди израелските напади врз мировниците од УНИФИЛ во Либан
Стареењето во Швајцарија се продлабочува: Населението над 65 години за првпат ги надминува младите