| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Сиљановска-Давкова: „Блесок 26“ беше момент на блескање на нашата Армија
„За мене, полигонот „Криволак“ веќе не е македонска периферна географска точка, туку лакмус за тестирање на македонската одбранбена подготвеност, важно камче во НАТО-мозаикот.“
Сиљановска-Давкова: „Блесок 26“ беше момент на блескање на нашата Армија
Сиљановска-Давкова: „Блесок 26“ беше момент на блескање на нашата Армија / Other

Македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова ја проследи вежбата „Блесок 26“, дел од програмата на НАТО, којашто се реализираше од 19 до 27 април на полигонот „Криволак”.

Според неа, уште еднаш се докажа дека највисоките оценки за Лесната пешадиска баталјонска група не се случајни, туку се засновани врз манифестираното знаење, дисциплина, искуство и одговорност на македонската Армија, што ја профилираат како рамноправен, квалификуван и кредибилен член на Алијансата.

За неа, „Блесок 26“ е успешно положен тест за македонската подготвеност за брз и ефикасен воен одговор на реалните предизвици со коишто е соочен светот, во амбиент на тектонски промени на меѓународниот поредок и растечки закани по мирот и безбедноста.

„За мене, полигонот „Криволак“ веќе не е македонска периферна географска точка, туку лакмус за тестирање на македонската одбранбена подготвеност, важно камче во НАТО-мозаикот, служејќи му на мирот, како општо добро, во време на растечки безбедносни закани“, рече Сиљановска-Давкова.

Таа потсети дека тука се креаторите и координаторите на македонскиот воено-одбранбен систем, коишто очекуваат да ги осветлат резултатите од својата макотрпна и одговорна работа.

„Вежбата „Блесок 26“, во подлабока смисла е: проверка на институционалната и функционална димензија на капацитетот на Армијата како битен и високо почитуван сегмент на државата заради сериозниот пристап кон безбедноста, област којашто не трпи импровизација и површност и инсистира на длабочина и посветеност“, истакна Сиљанвска-Давкова.

Според претседателката, вежбава е тест за македонската подготвеност за дејствување во мировни операции, за справување со хибридни закани и за рамноправно учество во колективниот безбедносен систем. Со повеќе од 1.500 учесници, таа не е само воена проверка, туку јасен израз на меѓусебна доверба, за блескава светлина којашто ја изразува цврстината на сојузништвото и силата на заедништвото.

Присутните ја проследија реализацијата на тактичката вежба „Воведување на лесна пешадиска баталјонска група (ЛПБГ) во офанзивни операции“.

По завршувањето на вежбата, претседателката им честиташе на учесниците за успешната реализација на истата.

На настанот, свои обраќање имаа и: министерот за одбрана Владо Мисајловски, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и началникот на Ј-9 на Командата на здружените сили на НАТО во Неапол, контраадмирал Торстен Маркс.

Меѓу присутните гости беше и командантот на НАТО корпусот за брзо распоредување од Грција, генерал-потполковник Григориос Боунтлиакис.

ИЗВОР:TRT Balkan
Повеќе
Калас: Ормускиот теснец е во „чудна состојба“ помеѓу војна и мир
САД повторно воведуваат санкции за Франческа Албанезе
Зеленски поднесе нацрт закон за заем од ЕУ од 90 милијарди евра
Хамас потврди дека командантот на Бригадите Ал Касам, Мухамед Авда, е убиен во израелски напад
Фон дер Лајен: Претстојните недели се критични за процесот на пристапување на Украина во ЕУ
Израел го прогласи поголемиот дел од јужен Либан за „борбена зона“
Иранската револуционерна гарда тврди дека нападнала американска воздухопловна база вo Kувајт
САД извршиле нови воздушни напади врз воена локација во јужен Иран
Макрон: Целосна поддршка за Црна Гора во последните фази од преговорите со ЕУ
Белата куќа: Нацрт предлогот за прекин на војната објавен од иранските медиуми е целосна измислица
Велика Британија и Полска потпишаа договор за зајакнување на соработката во безбедноста и одбраната
Зеленски со писмо до Трамп бара помош во противвоздушната опрема
Медиуми: Нацрт договор САД-Иран со заедничко управување на бродскиот транспорт меѓу Техеран и Оман
САД ќе ја евакуира флотата од Израел за 72 часа доколку има договор со Иран
Медиуми: САД распоредиле борбени авиони Ф-22 и десетици авиони за полнење гориво во Израел