пред 12 часа
Над 30.000 домаќинства останале без електрична енергија утрово откако бурата Дејв ја зафати Јужна и Западна Шведска во текот на викендот, јавија шведските медиуми.
Повеќе од 30.000 домаќинства останале без електрична енергија, а силните ветрови ги одложуваат работите за санирање на дефектите, изјавија локални извори за јавниот сервис ЦБТ.
ПРЕПОРАЧАНО
Бурата, исто така, предизвика значителни прекини во сообраќајот, а Шведската транспортна администрација соопшти дека ситуацијата била „многу стресна во текот на ноќта“ и во текот на вчерашниот ден.
Јужна Норвешка, исто така, беше погодена од бурата, поради што над 2.000 домаќинства останаа без електрична енергија рано утрово, а вчера беше откажано сообраќањето на возови, како и повеќе летови.

















