| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Четврта жртва од западнонилска треска во Северна Македонија
Бројот на жртви од западнонилска треска во Северна Македонија се искачи на четири, соопшти Фадил Цана директорот на ЈЗУ Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби
Четврта жртва од западнонилска треска во Северна Македонија
Четврта жртва од западнонилска треска во Северна Македонија

Бројот на жртви од западнонилска треска во Северна Македонија се искачи на четири, соопшти Фадил Цана директорот на ЈЗУ Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби.

Цана во изјавата за медиумите информираше за состојбата со западнонилска треска во земјава.

„Уште еден пациент во тешка здравствена состојба, кај кој претходно лабораториски беше потврдена невроинвазивна форма на западнонилска треска, почина на Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби“, соопшти Цана.

Тој рече дека се хоспитализирани 20 пациенти, од кои два случаја се водат клинички како суспектни, а пет пациенти се на интензивна нега.

Цана посочи дека 76-годишниот пациент се лекувал 27 дена на клиниката, но починал поради тешката невроинвазивна форма на болеста и сериозните придружни заболувања.

Тој додаде дека од западнонилска треска во земјава 15 пациенти се излекувани и отпуштени од клиниката.

Западнонилски вирус

За заштита од западнонилскиот вирус, кој најчесто се пренесува преку убод од комарци од родот цулекс, нема достапна вакцина, а се препорачува заштита од убоди од комарци.

Се наведува дека инкубацискиот период од моментот на убодот од комарецот трае од два до 14 дена, а кај лицата со ослабен имунитет овој период може да се продолжи до 21 ден.

Се посочува дека кај околу 80 отсто од лицата заразени со вирусот не се појавуваат никакви симптоми, а кај приближно 20 отсто од пациентите може да се појават симптоми како треска, слабост, гадење и повраќање, главоболка и болки во мускулите.

Случаи на зараза со западнонилски вирус најчесто се регистрираат во Африка, Европа, Блискиот Исток, Северна Америка и Западна Азија.

Повеќе
Силни грмотевици оставија речиси 26.000 домаќинства без струја во југоисточна Франција
Белорусија ја затворa амбасадата во Финска
Романски Ф-16 уништи морски дрон во близина на гасната платформа на Црното Море
Сиљановска-Давкова: Мора да ја зајакнеме проактивната дипломатија
Јеменските владини сили нападнаа воени позиции на Хутите
Амнести интернешнал: Италија да го прекине договорот со Албанија за притвор на мигранти
Кубанскиот министер Родригез го обвини Рубио за осакатувачките санкции
Ајша Вахаб стана прва конгресменка на САД со потекло од Авганистан
Нови смртоносни израелски напади врз Газа и покрај примирјето
Извештај: Соработник на ЦИА кој се инфилтрирал во Ал Каеда се соочува со депортација од САД
Претседателот на „Бајкар“: Туркије никогаш нема да се откаже од ниедна капка од „Сината татковина“
Туркије со поддршка за Сирија против „дестабилизирачките активности“ на Нетанјаху
Туркије, Египет и Катар ги осудуваат израелските напади во Газа и повикуваат на почитување на прекин
Вештачење: Неспорно е дека на плафонот во „Пулс“ имало полиуретански сунѓер
Францускиот онколог ја нарекува персонализираната вакцина против рак на кожа „вистинска надеж“