Ајша Вахаб стана првата членка на Конгресот на САД која има потекло од Авганистан, откако победи на специјалниот втор круг избори за пополнување на местото во 14-от Конгресен округ на Калифорнија. Пратеничкото место беше испразнето откако конгресменот Ерик Свалвел поднесе оставка поради обвинувања за сексуален напад.
Со преброени 100% од гласачките ливчиња, Вахаб доби 53,1% од гласовите, победувајќи ја нејзината демократска сопартијка Мелиса Хернандез, која освои 46,9%.
Вахаб, која претходно беше дел од Сенатот на Калифорнија, се кандидираше преку прогресивната демократска платформа која ги застапуваше пропалестинските ставови.
Нејзината колешка, Хернандез, се кандидираше со изразени произраелска ставови и доби огромен поттик во финансирањето на кампањата од Американско-израелскиот комитет за јавни работи (АИПАК), кој според Политико придонесе со речиси 3 милиони долари за нејзината кампња.
„Многу сум горда на овој округ кој ги гледа милионите долари надворешни пари што се влеваат со лажна реторика, лажни наративи и лажни записи, и проникнувајќи низ тоа, гласајќи за мене“, рече Вахаб.
Хернандез изјави дека ѝ се допаѓаат шансите во ноемврискиот реванш против Вахаб со новопрецртаната конгресна мапа за 14-от округ, за кој рече дека вклучува 26.000 гласачи повеќе.
„Ќе го вратам Даблин, градот во кој бев градоначалничка, со оглед на тоа што ќе можам да добијам илјадници повеќе гласачи таму“, рече Хернандез.
Реваншот помеѓу Вахаб и Хернандез ќе се одржи за време на среднорочните избори на 3 ноември.




















