| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Студенти протестираа во Скопје, бараат полагање на правосудниот испит и на албански јазик
Студентите побараа оставка од министерот за правда Игор Филков, кој изјави дека нема да дозволи правосудниот испит да се одржува на албански јазик.
Студенти протестираа во Скопје, бараат полагање на правосудниот испит и на албански јазик
Студенти протестираа во Скопје, бараат полагање на правосудниот испит и на албански јазик / TRT Balkan
пред 9 часа

Во Скопје се одржа протест на студенти кои побараа правосудниот испит да се полага и на албански јазик.

Протестот започна од плоштадот „Филип II“, каде студентите со различни транспаренти побараа, како што рекоа, „правда“.

„Закон на хартија, дискриминација во пракса“, „Не негирајте стекнато право“, „Почитувајте го Законот за јазиците“, „Стоп за институционалната дискриминација“ – беа дел од транспарентите што ги носеа студентите.

Протестот потоа продолжи со марш преку Камениот мост до пред Министерството за правда.

Студентите побараа оставка од министерот за правда Игор Филков, кој изјави дека нема да дозволи правосудниот испит да се одржува на албански јазик.

„Нашето барање е едноставно – почитувајте го Уставот и законот, ништо повеќе, ништо помалку. Нашите колеги имаат право да го полагаат правосудниот испит на албански јазик. Секое одолговлекување е обид да ни се ускрати право што ни е одземано со години“, изјави студентот Бесар Сејдиу, претседател на Студентскиот парламент на Универзитетот „Мајка Тереза“.

Владата формираше група уставни експерти кои работат на решение

Премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски, претходно изјави дека како влада формирале група уставни експерти кои работат на решение кое ќе биде уставно и во согласност со меѓународните стандарди.

Министерството за правда соопшти дека правосудниот испит не може да се одржува на албански јазик, и покрај Законот за употреба на јазиците.

Законот за употреба на јазиците беше донесен во 2018 година и предвидува во сите органи на државната власт, покрај македонскиот јазик и неговото писмо, службен јазик да биде и јазикот што го зборуваат 20 проценти од граѓаните на земјата и неговото писмо, во овој случај албанскиот јазик.

ИЗВОР:TRT Balkan
Повеќе
Трамп предложи рекорден воен буџет, бара скратувања на другите програми
Палестински земјоделец убиен од нелегални доселеници на сопствената земја кај Ерусалим
Хаифа под оган: Експлозии и голема штета по иранскиот напад
Најмалку 17 загинати во Иран по заеднички напади на САД и Израел
Сеул жали за упадите со дронови во Северна Кореја
Швајцарија ќе го повика израелскиот амбасадор поради законот за смртна казна за Палестинците
Трамп му се закани на Иран со уништување на електраните и мостовите ако нема договор до вторник
Со дозвола од Иран: 15 бродови поминале низ Ормускиот теснец во последните 24 часа
Медиуми: САД и Иран разгледуваат 45-дневен прекин на огнот
Пронајден експлозив кај гасоводот меѓу Србија и Унгарија, Вучиќ разговарал со Орбан
Намалени акцизите за горивата, ДДВ од 10 отсто ќе продолжи до крајот на кризната состојба
Турскиот претседател упати честитки до христијанската заедница за Велигден
Ердоган - Руте: „Геостратешкиот ќорсокак“ се продлабочува околу Иран
Американски борбен авион соборен над Иран
Договорот на Фолксваген со Израел го отсликува неговото најмрачно поглавје со нацистичка Германија