| Macedonian
СВЕТ
2 мин читање
Потопен уште еден товарен брод во Црното Море кај Бугарија
Бродот Бетул 8, кој пловел под сомалиско знаме и на кој имало 12 членови на екипажот, превезувал три тони пченица и пловел од Романија кон Египет, соопшти бугарското Министерство за транспорт. но без детали за причината за потопувањето
Потопен уште еден товарен брод во Црното Море кај Бугарија
Романскиот премиер Лука Никулеску во неделата изјави дека беспилотни летала нападнале три трговски брода во Црното Море кај романскиот Сулински канал / AP (Wire)

Бугарија денеска примила повик за помош од товарен брод што тонел во нејзината ексклузивна економска зона во Црното Море, соопшти бугарското Министерството за транспорт.

Два бугарски, еден романски и еден турски брод веднаш биле упатени кон местото на настанот, се додава во соопштението.

Бродот „Бетул 8“, кој пловел под сомалиско знаме и на кој имало 12 членови на екипажот, превезувал три тони пченица и пловел од Романија кон Египет.

Сите членови на екипажот на товарниот брод се спасени и се во добра општа состојба, без тешки повреди, но премрзнати, соопшти министерство за транспорт.

Морнарите биле качени во хеликоптер и пренесени кон поморската воздухопловна база „Чајка“, каде што биле организирани екипи за нивен прием и медицинска помош. При воздушниот преглед било утврдено дека бродот е превртен.

Причината за инцидентот не е јасна, но во изминатите неколку недели имаше низа смртоносни напади со беспилотни летала врз бродови во близина на бреговите на Бугарија и Романија, за кои се верува дека се поврзани со војната во Украина.

Романскиот премиер Лука Никулеску во неделата изјави дека беспилотни летала нападнале три трговски брода во Црното Море, во близина на романскиот Сулински канал.

Тој додаде дека романските одбранбени сили двапати кренале борбени авиони.

Романскиот министер за надворешни работи Дан Некулаеску во понеделник во Брисел изјави дека Романија ќе побара од своите партнери од Европската Унија да продолжат да обезбедуваат воени капацитети и да ја зајакнат координацијата со НАТО по нападите врз трговските бродови.

„Во последните 24 часа регистриравме четири аларми за беспилотни летала, а во текот на викендот беа погодени три брода. Ова е неприфатливо“, рече Некулаеску на редовниот месечен состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел.

Тој најави дека ќе побара од своите европски колеги да продолжат да придонесуваат за воените капацитети на Романија, како и за подобра координација меѓу Европската Унија и НАТО во врска со безбедносната состојба во Црното Море.

Повеќе
ЕУ: Платформите на социјалните медиуми не ги отстрануваат пријавените измами
Фидан: Туркије мора да преземе водечка улога во зајакнувањето на регионалната поврзаност
АСЕАН и Јапонија го одржаа 29-тиот самит во Манила, ветуваат посилна соработка
Форензички експерт вели дека смртта на Епстин е поверојатно убиство отколку самоубиство
Израел фрла експлозив спакуван во кутии врз објекти во Газа
Палестина бара одговорност од Израел за прегазени осум лица
Венс ветува дека Трамп нема да дозволи конфликтот со Иран да прерасне во уште една „вечна војна“
Рама: Колку побрзо Србија го признае Косово, толку подобро ќе биде за сите во регионот
Новото тричлено претседателство на БиХ ја презеде функцијата
Турскиот министер за надворешни работи учествува на министерски состанок во Брисел
Папата Лав XIV од Латинска Америка упати пораки за вера и правда
Трамп: Прашањето за шпионажа над Енвидија ќе го покренам со кинескиот лидер Ши
Од полноќ ново намалување на цените на бензините и дизелот
Израел прогласи палестинско село за „затворена воена зона“ и ја протера европската делегација
Потопен уште еден товарен брод во Црното Море кај Бугарија