| Macedonian
СПОРТ
1 мин читање
Астон Вила го освои трофејот во Лига на Европа
За екипата од Бирмингем ова е само трет европски трофеј во клупската историја, но и прв по 1982 година, кога триумфираа во Европскиот куп, пандан на денешната Лига на шампиони, како и во европскиот Супер куп истата година
Астон Вила го освои трофејот во Лига на Европа
Англичаните во финалето на стадионот на Бешикташ во Истанбул, славеа со убедливи 3:0 против Фрајбург / Reuters

Астон вила го освои трофејот од Лигата на Европа, откако во финалето на стадионот на Бешикташ во Истанбул, славеше со убедливи 3:0 над Фрајбург.

За екипата од Бирмингем ова е само трет европски трофеј во клупската историја, но и прв по 1982 година, кога триумфираа во Европскиот куп, пандан на денешната Лига на шампиони, како и во европскиот Супер куп истата година.

Астон вила го најави триумфот уште во финишот од првото полувреме, кога Тилеманс погоди во 41. минута, а Буендиа длабоко во судиското продолжение зголеми на 2:0.

Конечните 3:0 ги постави Роџерс во 58. минута.

За тренерот на Астон Вила, Унаи Емери, ова беше вкупно петти трофеј од Лигата на Европа, а до него дојде со трета различна екипа, откако претходно славеше и со Севиља (трипати) и со Виљареал.

Повеќе
Путин и Си потпишаа декларација за мултиполарен свет на самитот во Пекинг
САД покрена нова истрага против Мадуро преку обвинителството во Мајами
Трамп: САД многу брзо ќе стават крај на војната со Иран
Туркиjе ја предупреди Грција да не ја искривува историјата поради тврдењата за Понт
Еболата се шири брзо во централна Африка, СЗО прогласи вонредна состојба
Кандидатурата на Јанез Јанша за премиер поднесена до Народното собрание
Трамп: САД можеби ќе мора повторно да го нападнат Иран, Техеран моли за договор
Сириски војник загина, неколкумина се повредени во бомбашки напад со автомобил во Дамаск
Хрватска усвои закон за долгорочни визи за македонските камионџии
„Нема да престанам“, изјави Бен-Гвир по извештаите дека МКС подготвува потерница против него
Убиени шест лица во израелските напади врз јужен Либан
Иран откри детали од предлогот од 14 точки до САД, насочен кон прекинување на војната
Туркије го одбележува Денот на Ататурк и празникот на младите и спортот
Шефот на албанската дипломатија се сретна со црногорскиот колега: Албанија и Црна Гора изградија вистински модел на регионална соработка
„Веќе во бура“: Висок воен офицер на НАТО предупредува за нестабилна безбедносна средина