| Macedonian
РЕГИОН
4 мин читање
Николоски: Проектот „Градски воз“ напредува одлично, до јуни ќе биде завршена правата линија
Очекуваме до јуни таа да биде завршена. Потоа следува еден период на тестирање и нашата цел е, а таа цел ќе ја постигнеме, на 1 септември, со почетокот на школската година да почне да функционира „Градскиот воз“, изјави Николоски.
Николоски: Проектот „Градски воз“ напредува одлично, до јуни ќе биде завршена правата линија
Николоски: Проектот „Градски воз“ напредува одлично, до јуни ќе биде завршена правата линија / Other
пред 16 часа

Сите работи на првата делница на „Градскиот воз“ од Зелениково до Транспортен центар Скопје долга 25 километри ќе бидат завршени во предвидениот рок до јуни годинава. Во текот на летниот период ќе се прават тестирања, а од септември таа треба да биде пуштена во употреба. За другите две делници ќе биде распишан еден тендер што би требало да значи дека ќе се скрати  рокот на комплетно завршување на проектот за „Градски воз“ за најмалку една година, односно дека трите линии ќе бидат функционални на крајот на 2027 година.

„Задоволство е да се види дека проектот добро напредува. Динамиката е добра. Ние минатата година кога го започнавме овој проект ветивме дека првата линија ќе биде завршена до јуни и тоа ќе биде остварено. Сакам да почнеме да ја навикнуваме јавноста да се завршуваат проектите во предвиден рок и како што гледате, проектите кои што оваа Влада ги почнува завршуваат во предвидениот рок и се движат со добра динамика, затоа што пред да ги започнеме проектите имаме еден многу сериозен процес на планирање за кога ќе се излезе на терен и ќе почне да се работи навистина да се испорача она што се ветува“, рече при увидот во градежните работи вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Тој додаде дека заклучно со 5 април (недела), прогресот на првата линија која што оди од Зелениково, преку Драчево, Ново Лисиче, Кисела Вода, Аеродром и Нова железничка станица е 65 проценти, што е согласно динамичкиот план. 

Градоначалникот на град Скопје Орце Ѓорѓиевски истакна оти ова било ветување дадено пред лчокалните избори и е задоволен од брзата динамика на неговата реализација.

„Ова што што ќе значи нова алтернатива за градот Скопје и алтернативен начин за граѓаните од овој дел на Скопје побрзо да стасуваат до Транспортниот центар. Јас искрено на почетокот сметав дека проектот е можеби преамбициозен, но по тоа како  се одвиваат настаните на терен, а јас внимателно ја следам оваа динамика, можам да кажам дека таа е импресивна, исто како и пристапот со кој што се работи цел овој процес. Многу ми е драго што на почетокот на септември ќе биде обезбедена  и ставена во функција линијата Зелениково - Транспортен центар Скопје“, рече Ѓорѓиевски.

„Очекуваме до јуни таа да биде завршена. Потоа следува еден период на тестирање и нашата цел е, а таа цел ќе ја постигнеме, на 1 септември, со почетокот на школската година да почне да функционира „Градскиот воз“ на линија Зелениково, Драчево, Ново Лисиче, Аеродром, Нова железничка станица. Убеден сум дека ова многу ќе помогне во растоварување на сообраќајот, а исто така и во очекување на зимата и во намалување на загадувањето“, рече вицепремиерот Николоски.

Според него, за таа цел со Железница Транспорт интензивно работат на обезбедување на дополнителни гарнитури на возови, за тоа што ќе се зголеми сообраќајот и тоа е проект кој што го работиме исто така интензивно, паралелно со овој инфраструктурен проект.

„Првичниот план за „Градски воз“ беше да оди во три фази, односно по завршување на оваа фаза да оди фазата која што оди од Нова железничка, преку Маџари до Илинден и потоа третата фаза која што оди од Нова железничка преку Бутел, Скопје Север, Волково, Ѓорче Петров и завршува во Сарај. Имајќи предвид дека ЈП Железници инфраструктура доста напредува со проектирањето и работат побрзо од што беше планирано и очекувано, очекуваме во текот на оваа година да се распише јавен повик, односно тендер за двете делници заедно, што значи дека ќе го скратиме рокот на комплетно завршување на проектот за „Градски воз“ за најмалце една година, односно на крајот на 2027 веќе ќе ги имаме трите линии функционални, што во добра соработка со јавното сообраќајно претпријатие ќе значи едно целосно растоварување на сообраќајот во градот“, потенцира Николоски.

Се надева дека со иста таква динамика ќе се реализираат и останатите две фали две фази, што, како што рече, значително ќе го олесни јавниот превоз во Градот.

Ѓорѓиевски додаде дека паралелно на цел овој процес во тек е набавка за нови автобуси, и оти наместо 80 за градот Скопје ќе бидат набавени нови 100  автобуси. Како дополнително и значително унапредување, според него, е и најавената реализација на БРТ транспортот, за кој како што рече наскоро ќе бидат објавени целосно и прецизни детали.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Трамп предложи рекорден воен буџет, бара скратувања на другите програми
Палестински земјоделец убиен од нелегални доселеници на сопствената земја кај Ерусалим
Хаифа под оган: Експлозии и голема штета по иранскиот напад
Најмалку 17 загинати во Иран по заеднички напади на САД и Израел
Сеул жали за упадите со дронови во Северна Кореја
Швајцарија ќе го повика израелскиот амбасадор поради законот за смртна казна за Палестинците
Трамп му се закани на Иран со уништување на електраните и мостовите ако нема договор до вторник
Со дозвола од Иран: 15 бродови поминале низ Ормускиот теснец во последните 24 часа
Медиуми: САД и Иран разгледуваат 45-дневен прекин на огнот
Пронајден експлозив кај гасоводот меѓу Србија и Унгарија, Вучиќ разговарал со Орбан
Намалени акцизите за горивата, ДДВ од 10 отсто ќе продолжи до крајот на кризната состојба
Турскиот претседател упати честитки до христијанската заедница за Велигден
Ердоган - Руте: „Геостратешкиот ќорсокак“ се продлабочува околу Иран
Американски борбен авион соборен над Иран
Договорот на Фолксваген со Израел го отсликува неговото најмрачно поглавје со нацистичка Германија