| Macedonian
Барселона го удвојува туристичкиот данок од април, гостите ќе плаќаат и до 15 евра по ноќ
Челниците на Барселона, исто така, објавија планови за целосно укинување на краткорочното изнајмување на сместување до 2028 година, како дел од пошироката стратегија за контрола на туризмот и зачувување на квалитетот на животот на локалните жители
Барселона го удвојува туристичкиот данок од април, гостите ќе плаќаат и до 15 евра по ноќ
Според законот со кој се воведува новиот данок, една четвртина од даночните приходи ќе бидат инвестирани во домување во Барселона / Reuters
13 март 2026

Туристите кои од април ќе престојуваат во Барселона ќе мора да платат двојно повисок данок, кој во некои случаи ќе изнесува 15 евра по ноќ, а властите планираат да го искористат новиот приход за решавање на кризата со домувањето во градот.

За гостите на хотелите, данокот ќе се движи од 10 до 15 евра по ноќ, во зависност од категоријата на сместување, додека оние што изнајмуваат станови или викендички ќе плаќаат до 12,5 евра по ноќ, што е двојно повеќе во споредба со претходните 6,25 евра.

Патниците на крузерите што ја посетуваат Барселона, како и досега, ќе плаќаат шест евра по лице.

Властите во Каталонија сакаат да го зголемат данокот за да го намалат бројот на посетители и да го направат домувањето подостапно за локалното население.

Закупците со години истакнуваат дека прекумерниот број туристи и зголемувањето на бројот на краткорочни изнајмувања доведуваат до зголемување на цените на недвижностите во градот.

Според законот со кој се воведува новиот данок, една четвртина од даночните приходи ќе бидат инвестирани во домување во Барселона.

Раководството на Барселона, исто така, објави планови за целосно укинување на краткорочното изнајмување на сместување до 2028 година, како дел од пошироката стратегија за контрола на туризмот и зачувување на квалитетот на животот на локалните жители.

Повеќе
Ирански дрон предизвика пожар во кувајтска рафинерија
Иран повторно тврди дека погодиле американски Ф-35 борбен авион
Трамп: Допрва ќе го уништиме тоа што остана од Иран
Ирански ракети погодија повеќе локации во Тел Авив
Арапската лига повика на истрага од МКС за закон за смртна казна за палестинските затвореници
Ердоган: Водата ја заменува нафтата како стратешки ресурс
Фидан во разговор со германскиот шеф на дипломатија и на онлајн состанок за Ормуз
Џевдет Јилмаз: Најостра осуда за нападот од ЕОКА врз граѓани на Турската Република Северен Кипар
Гутереш: Светот е на раб на поширока војна која би можела да го зафати Блискиот Исток
Трамп: Членките на НАТО да соберат храброст и да испратат воени бродови во Ормутскиот теснец
Американски и израелски авиони погодија клучен мост во Иран
Албанија: Прекината седница на Парламентот откако опозицијата ја блокираше говорницата
Орбан: Да се укинат санкциите кон Русија поради енергетската криза во Европа
Путин најави нов самит Русија-Африка кој ќе се одржи во октомври
Пакистан и Авганистан одржуваат разговори во Кина по граничните судири