| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Новата словенечка влада ја укина забраната за влез на Нетанјаху, Бен-Гвир и Смотрич
Во исто време, беше укината забраната за увоз на стоки од еврејските населби во окупираниот Западен Брег и беше прекинато ембаргото за извоз и транзит на оружје и воена опрема до и од Израел
Новата словенечка влада ја укина забраната за влез на Нетанјаху, Бен-Гвир и Смотрич
Дипломатскиот пресврт под новата влада започна веднаш кога палестинското знаме, симболично истакнато на владината зграда беше отстрането / Reuters

Новата словенечка влада ја укина забраната за влез во земјата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и двајца од неговите министри, Итамар Бен-Гир и Безалел Смотрич, откако поништи неколку казнени мерки воведени од претходната влада поради акциите на Израел во Појасот Газа.

Владата го откажа статусот персона нон грата што претходно им беше доделен на Нетанјаху, министерот за национална безбедност Итамар Бен-Гвир и министерот за финансии Безалел Смотрич, објави агенцијата СТА.

Во исто време, беше укината забраната за увоз на стоки од еврејските населби во окупираниот Западен Брег и беше прекинато ембаргото за извоз и транзит на оружје и воена опрема до и од Израел.

Новата влада објави дека забраните за влез и забраните за увоз „никогаш всушност не биле спроведени“ и дека се укинуваат со цел да се воспостави нормален политички дијалог со Израел.

Во меѓувреме, словенечкото Министерство за одбрана препорача укинување на ембаргото за оружје бидејќи трговијата со оружје е веќе доволно регулирана со постојните закони за национална одбрана и критериумите на Европската Унија за извоз на оружје, според соопштението од канцеларијата за комуникации на владата.

„Преку политички дијалог и тивка дипломатија, ќе биде можно да се зајакне улогата на Република Словенија во напорите за постигнување траен мир на Блискиот Исток“, се вели во соопштението на владата, додавајќи дека овој потег ќе создаде нови можности за билатерална соработка.

Претходната влада ги прогласи Бен-Гвир и Смотрич за персона нон грата во јули 2025 година, наведувајќи ги нивните „геноцидни изјави“ како причина.

Потоа во август го забрани увозот од еврејските населби, додека во септември на Нетанјаху му беше воведена забрана за влез откако Меѓународниот кривичен суд издаде налози за негово апсење за наводни воени злосторства.

Под претходната влада, Словенија се позиционираше како еден од најгласните критичари на Израел во рамките на ЕУ, станувајќи првата земја-членка што воведе еднострано ембарго за извоз на оружје во Израел и формално призна палестинска држава во мај 2024 година.

Дипломатскиот пресврт под новата влада на премиерот Јанез Јанша започна веднаш по нејзиното преземање на функцијата минатата недела, кога палестинското знаме, симболично истакнато на владината зграда од признавањето, беше отстрането.

Министерот за надворешни работи Тоне Кајзер имаше телефонски разговор со својот израелски колега Гидеон Сара веднаш по неговото назначување, додека Израел објави дека за прв пат ќе отвори амбасада во Љубљана.

Повеќе
Во американските напади над Иран погодени цивилни постројки за питка вода
Пет земји размислуваат за ограничување на правото на глас на идните ЕУ членки
Џ.Д. Венс: Нетанјаху „сигурно погрешил во некои работи“ во односите со Вашингтон
Вучиќ: Размислувам да се кандидирам за премиер, планирам да поднесам оставка
Пезешкијан: Заканите на Трамп дека САД ќе ја нападнат инфраструктурата на Иран се знак на очај
Фидан: Соработката за гас меѓу Туркије и Бугарија е клучна за регионалната енергетска безбедност
Туркије ја осудува неоснованата клевета на геноцидниот Нетанјаху против претседателот Ердоган
Алпер Акташ именуван за амбасадор на Туркије во Скопје
Амнести Интернешнл: Израел спроведува етничко чистење на бедуините на окупираниот Западен Брег
Илјадници Иранци без вода откако во американските напади се оштетени резервоарите
Сиљановска-Давкова од Софија: Мора да го оживееме духот на регионалната соработка
Муцунски од Софија: Ние сме заложник на една непринципиелна блокада на нашиот европски пат
Николоски: Железничкото поврзување со Бугарија ќе биде завршено до 2031 година
Ердоган: Израелските напади во Сирија и Либан ја загрозуваат Туркије
Трамп: Иран премногу одолжуваше за договор, сега ќе ja плати цената