| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Николоски: Железничкото поврзување со Бугарија ќе биде завршено до 2031 година
Во рамки на проектот е предвидена изградба на три нови железнички станици – Кратово, Романовце и Гиновце, како и на 29 мостови, 15 тунели, шест надвозници и три подвозници, изјави министерот за транспорт при увидот на градежните работи на трасата
Николоски: Железничкото поврзување со Бугарија ќе биде завршено до 2031 година
Николоски истакна дека поради конфигурацијата на теренот, пругата е проектирана за брзина на движење на возовите од 100 до 120 километри на час / Others

Изградбата на втората делница од железничката пруга кон Бугарија, на потегот Бељаковце- Крива Паланка, напредува со засилена динамика, и целото железничко поврзување со Бугарија се очекува да биде завршено до 2031 година, изјави вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, при увидот во градежните работи на трасата.

Според Николоски, станува збор за еден од најголемите и најкомплексни инфраструктурни проекти што во моментов се реализираат во земјата. Тој посочи дека проектот претставува значајно инженерско достигнување и е дел од Коридорот 8, кој ја поврзува земјава со Бугарија и Црното Море.

Во рамки на проектот е предвидена изградба на три нови железнички станици – Кратово, Романовце и Гиновце, како и на 29 мостови, 15 тунели, шест надвозници и три подвозници.

Министерот Николоски истакна дека поради конфигурацијата на теренот, пругата е проектирана за брзина на движење на возовите од 100 до 120 километри на час, што, според него, претставува соодветно решение за вакви услови.

Тој нагласи дека мостовите што се градат се меѓу највпечатливите објекти на трасата, при што највисокиот столб достигнува висина од 61 метар.

Министерот информираше дека во проектот ќе бидат вградени десетици илјади тони арматура и околу 125.000 кубни метри бетон. Според него, реализирани се 31 процент од конструктивните работи, додека вкупната реализација на проектот достигнала 36 проценти.

Николоски изрази очекување до октомври 2028 година по делницата да сообраќаат возови и најави дека по завршувањето на втората делница ќе следува изградба и на третата делница од железничкото поврзување со Бугарија.

Директорот на МЖ Инфраструктура, Синиша Ивановски, изјави дека станува збор за делница долга 34 километри на која повеќе од три децении немало значајни активности. Тој додаде дека реализацијата на проектот достигнала 37 проценти, а работите се одвиваат на земјени и градежни зафати, санација и доградба на 26 мостови и изградба на 15 тунели.

Повеќе
Франција му забрани влез на крајнодесничарскиот израелски министер Смотрич
Израел уби уште осум Палестинци во Газа, продолжувајќи со секојдневните напади
Туркије и Саудиска Арабија потпишаа значајни договори за железница и транспорт
Османи: Без брзо формирани институции, сонот на Косово за НАТО и ЕУ останува далеку
По 12 години, Северна Македонија и Туркије го враќаат на високо ниво дијалогот за патниот транспорт
Пентагон: Алибаба, Баиду и други технолошки фирми ѝ „помагаат“ на кинеската војска
Растат трошоците за живот
Најмалку пет лица убиени во новите израелски напади врз јужен Либан и покрај примирјето
Зеленски до Абрамович: Украина нема да се откаже од територијата
Турскиот министер за надворешни работи ќе го претставува Ердоган на ПСЈИЕ во Софија
Израел повторно предупредува за напади во Либан и покрај примирјето
Конфликтот со Иран може да ја чини светската економија најмалку 700 милијарди долари
Куршад Зорлу потпретседателот на АК Партија е во посета на Северна Македонија
Туркије и Канада започнаа преговори за договор за слободна трговија
Спасен екипажот на американскиот воен хеликоптер кој се сруши близу Ормутскиот Теснец