| Macedonian
СВЕТ
2 мин читање
Сателитски снимки покажуваат дека дел од нуклеарните капацитети на Иран останале неоштетени
Рудникот за ураниум Саганд, каде што се ископува суровината, значително се проширил во последните години, а неодамнешните снимки по последните напади не покажуваат докази за оштетување, при што багерите сè уште работат на локацијата, објави Си-Ен-Ен
Сателитски снимки покажуваат дека дел од нуклеарните капацитети на Иран останале неоштетени
Иран затворил неколку влезови во подземни тунели во Исфахан што сугерира дека „таму долу сè уште останало нешто вредно“ / Reuters

Дел од нуклеарните капацитети на Иран најверојатно останале неоштетени по нападите што САД и Израел ги извршија врз земјата, објави „Си-Ен-Ен“.

Во објавата се наведува дека во овие последни напади на САД и Израел, иако голем дел од производствениот процес е „значително оштетен“, некои од најважните делови на овој процес, односно залихите на високо збогатен ураниум, „можеби воопшто не биле допрени“.

Се вели дека рудникот за ураниум Саганд, каде што се ископува суровината, значително се проширил во последните години, додавајќи дека неодамнешните снимки по последните напади не покажуваат докази за оштетување, при што багерите сè уште работат на локацијата.

Според наводите, местата како објектот за конверзија на ураниум во Исфахан, каде што материјалот се прочистува и се претвора во ураниум хексафлуорид, предизвикале „најголема главоболка“ за САД и Израел.

Се наведува дека по американските и израелските напади, Иран затворил неколку влезови во овие подземни тунели во близина на тие објекти, што сугерира дека „таму долу сè уште останало нешто вредно“.

Регионалните тензии ескалираа откако САД и Израел започнаа напади врз Иран на 28 февруари, предизвикувајќи одмазда од Техеран кон Израел, како и кон сојузниците на САД во Персискиот Залив, заедно со затворањето на Ормускиот Теснец.

Прекинот на огнот стапи на сила на 8 април преку пакистанско посредување, но преговорите во Исламабад не успеаја да доведат до траен договор.

Прекинот на огнот подоцна беше продолжен од страна на американскиот претседател Доналд Трамп на неодредено време.

Повеќе
Пет луѓе загинаа во јужен Судан по напад со дрон врз бензиски пумпи
Шпанија вели дека Израел нема докази против притворените активисти
Нарко-босот „Ел Чапо“ бара екстрадиција од САД во Мексико
Администрацијата на Трамп бара преглед на безбедноста за новите модели на вештачка интелигенција
Најмалку 14 убиени и 60 повредени во руските напади низ Украина
Убиени пет цивили во американски напад во Ормускиот теснец, тврди Иран
Палестински земјоделец им пркоси на израелските окупаторски напади на Западниот Брег
Непал протестира поради рутата за поклонение низ спорната гранична област
Иран предупреди дека ќе ги нападне американските сили ако се обидат да влезат во Ормускиот теснец
Три лица починале во епидемија на хантавирус на крузер на Атлантикот
Највисоките европски лидери се состануваат во Ерменија за клучен самит на политичката заедница
САД го почнуваат Проектот Слобода за придружба на неутрални бродови од Ормускиот теснец
Ердоган разговараше со ирачкиот мандатар за премиер Ал-Заиди
„Никогаш не помислив дека ќе го видам овој ден“: Во Сирија првото судење на тираните од ерата на Аса
Денеска се очекува враќањето на турските и некои граѓани на други земји од флотилата „Сумуд”
Словачкиот премиер Фицо работеше ноќна смена во пекара во знак на солидарност со работниците
Нов напад со беспилотно летало предизвика пожар во руската нафтена постројка во Туапсе
ЦЕНТКОМ: Трамп информиран за потенцијалните опции за „последен удар“ врз Иран
Санчез:Израелскиот напад врз флотилата е кршење на меѓународното право, ја повикувам ЕУ да дејствувa
Трамп: Мерц да се фокусира на поправка на пропаднатата земја, да не се меша во стратегијата за Иран